21 Април, 2025
0.0362

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски тврди дека не ги убил Вања и Панче и дека немал мотив за тоа

Објавено во: Македонија 14 Април, 2025 22:08

Добивај вести на Viber

ПАЛЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА НЕ ГИ УБИЛ ВАЊА И ПАНЧЕ

Палевски е првообвинет за убиствата и грабнувањата на Вања и Панче, а тој денеска во Основен кривичен суд Скопје негираше одговрност, тврдејќи дека нема мотив за такви злосторства и дека е жртва на „морален атентат“, организиран од политички и медиумски структури. 

Одговарајќи на прашање од неговиот бранител, адвокатот Јовица Страшевски, дали ги сторил убиствата Палевски, рече дека „не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство“.

- Не сум извршил убиствата, ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на Основното јавно обвинителство, се наоѓа хард диск Тошиба кој го одземаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но, ете, тоа не сум го направил - рече Палевски.

УШТЕ ДВАЈЦА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ СЕ КРИТИЧНИ

На болничко лекување остануваат 57 пациенти повредени во пожарот во Кочани кој се случи на 16 март.  Двајца се во критична состојба. 

Една од потешко повредените кои се вратени во Македонија веќе може и сама да се движи.

„Утре се планира мал хируршки зафат за третирање на раните на кои сѐ уште им треба доста нега. Ги очекуваме сите други параметри, бидејќи беше малку покритична и некои компликации настанале за време на лекувањето, но рековме дека е стабилна и се движи. Кога ќе бидат сите анализи во ред би ја пуштиле на домашно лекување“, изјави  д-р Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, директорка на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

ОД БУГАРСКОТО МНР ВЕЛАТ ДЕКА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НЕ СЕ ЕДИНСТВЕН УСЛОВ

Бугарија нема да прави отстапки во однос на европскиот пат на Македонија. Но, оттаму велат дека уставните измени не се единствен услов за нашата земја. 

Дека не се работи само за уставните измени потврди бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во емисијата „Брисел 1“ на ТВ Бугарија ON AIR. Додава дека од нивна страна, работите се кристално јасни. 

„Ние нема ниту да промениме нешто во нашето мислење, ниту пак има нешто што ќе го отфрли т.н. европскиот консензус кој беше постигнат во 2022 година. Оттука натаму се што би можело да биде направено како заеднички принос на сите држави кои сме се обединиле околу тој европски консензус – е добредојдено.

ВЕНКО КРСТЕВСКИ Е ИЗБРАН ЗА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОЧАНИ

Независниот советник Венко Крстевски денеска советниците го избраа за в.д. градоначалник на Кочани. 

Тој доби девет гласа од советниците на СДСМ, а Левица гласаше воздржано. Членовите на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за нивниот координатор Гоце Марков.

Советничката Кристина Атанасова - Арсова од ВМРО-ДПМНЕ, чиј син беше повреден во трагедијата во „Пулс“, денес низ солзи си поднесе оставка на седницата за избор на в.д. градоначалник на Кочани.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во различни земји, верниците имаат поинакви обичаи за прославувањето на Велигден. Но, иако во повеќе земји за празникот верниците вапцаат јајца, тоа не го прават секаде.

Според последниот месечен извештај на „Бехтел и Енка“, изведувачот кој работи на проектот за поврзување на Коридор 8 и Коридор 10Д во Македонија, испратен до инвеститорот „Државни патишта“, се уште ништо не е започнато да се работи на еден од четирите автопати.

Сава пензиско друштво лани наплати над 6 милиони евра за управување со парите на своите над 247.000 членови од кои огромно мнозинство се идни пензионери. Заработката на ова друштво лани е 2,7 милиони евра, а од нив 2 милиони евра ќе заминат како дивиденда во Словенија кај сопственикот „Позаваровалница Сава“ 

Агенцијата за национална безбедност преку оглас бара нови кандидати кои ќе ја гарантираат безбедноста на државата. 

Континуирано вложуваме во нови технологии кои овозможуваат сигурен, лесен и брз пристап до нашите производи и услуги од каде било и во кое било време. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања