03 Мај, 2024
0.0277

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пописот и денеска е топ тема, има реакции и забелешки

Објавено во: Македонија 31 Март, 2022

Добивај вести на Viber

ИМА РЕАКЦИИ И ЗАБЕЛЕШКИ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ

Според Павле Трајанов, претседателот на Демократски сојуз, околу 90 отсто од 132.269 граѓани кои не биле попишани како резидентно население, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1.836.713 лица, се етнички Македонци. Според анализата на неговата партија, Трајанов во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 вели дека излегува дека Албанците во Македонија ги има само 20 отсто и за тоа одговорност треба да превземат нивните политички лидери.

Самка Ибраимовски, претседател на политичклата партија ПЦЕР, поранешен министер без ресор во Владата на Зоран Заев, како и поранешен пратеник, е незадоволен од резултатите на пописот, за кој вчера беа објавени резултатите, потенцира дека ова што е се случува е срамота.

Не стивнуваат коментарите за резултатите од пописот кои Државниот завод за статистика (ДЗС) ги соопшти вчера.  Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и денеска реагира за резултатите од пописот, овојпат за општата категорија „христијани“ во која се попишани 242.579 граѓани или 13,21 отсто  од резидентното население. 

ДЕНЕС ИМА 262 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, , Прилеп - 11, Куманово – 8, Делчево - 6, Тетово и Кичево  - по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4,Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2,Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница  – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции.

РУСИЈА ДОЗВОЛИ ЗА ГАСОТ ДА ИМ ПЛАЌААТ ВО СТРАНСКА ВАЛУТА

Русија попушти и ќе дозволи и натаму земјите кои купуваат гас да го плаќаат во странска валута. 

„Непријателските земји“ можат да продолжат да плаќаат за рускиот природен гас во странска валута преку руска банка која ќе ги претвора парите во рубљи. 

Русија вети дека ќе има реперкусии ако земјите не плаќаат во рубљи, но Германија, Франција и Британија се побунија дека не сакаат уцени и Русија попушти. 

Инаку, рубљата се опорави и се врати на нивото како пред војната. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Лани извршителите реализирале 63.069 присилни наплати и според овој податок 2021 е рекордна година. Високата бројка во најверојатно се должи на помалкуте извршувања во 2020 кога овој процес беше запрен за период од шест месеци поради епидемијата. Во таа година имаше 42.233 присилни наплати. Досега рекордна година беше 2018 со 62.515 реализирани извршни решенија.

Податоците од најголемата статистичка операција во земјава вчера беа објавени од Заводот за статистика, а покрај податоците за тоа колку проценти има Македонци и Албанци, колку христијанско, а колку муслиманско население, и колку има резиденти и нерезиденти, како и бројните политички реакции за објавените резултати, Фактор направи анализа за тоа какви биле промените за период од 19 години во поголемите градови во земјава, но и во скопските општини.

Средношколците на големо задоволство ја дочекаа одлуката на Комисијата за заразни болести согласно која се препорачува укинување на задолжителното носење маски за време на часовите. Секако, ќе треба да почекаат уште некое време, бидејќи за да стапи на сила потребно е прво да се изјасни и Главниот кризен штаб, а потоа да се усвои и на седница на Влада. Во основните училишта, учениците веќе не мора да ги носат маските.

„ Мајами е третиот град во САД по работа со готовина.” со оваа реченица го отвори 12тото издание на Економскиот самит на Јужна Флорида претседателот на Стопанската комора на Мајами, Роберто Муњоз.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите