17 Јуни, 2024
0.0266

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трифонов бара враќање на ветото за Македонија, а Милков вели тоа не е решение

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

БУГАРСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ЗБОРУВААТ ЗА ВЕТО

Ветото не е решение, а повлекувањето на амбасадорот е симболика, вели бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков. 

Вели дека нивниот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, ќе остане во Софија на консултации. Милков  за БНТ, изјави дека амбасадорот помага во утврдувањето на фактичката состојба со настаните во Македонија.

„Јас не сум приврзаник за вето, тоа е точниот збор. Секогаш сум сметал дека ветото е како атомското оружје, тоа не треба да се користи, туку да поттикне страните да седнат на маса и да си ги решат проблемите“, кажа Милков.

Претседателот на бугарската партија, Има таков народ, Слави Трифонов сака да се врати ветото за Македонија. 

Вели дека Македонците требало да ги слушаат нив, а ветото е клучна алатка. Објаснува дека екс бугарскиот премиер Кирил Петков се криел зад парламентот, а прашањето за Македонија е една од главните причини зошто Петков сега не е премиер.

„Цело време бевме против укинувањето на ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија, затоа што единствениот начин да ги натераме Македонците да нè слушаат е да не го укинеме ветото“, рече Слави Трифонов на прес-конференција.

ТЕНЗИЧНО РОЧИШТЕ ЗА ЛАСКАРЦИ

На рочиштето за супервештачењето за случајот „Ласарци“ денеска во Кривичниот суд во Скопје, четворица вештаци околу пет часа одговараа на прашања од јавниот обвинител Дарко Јакимовски, кои беа проследени со реакции и негодувања од бранителите на обвинетите. Судијката Диана Груевска Илиевска, денешното рочиштето го прекина, поради, како што рече „немање соодветни услови за работа и начин на комуникација кој не е соодветен за во судница“.

ПАЛЕ ИЛОВСКА ОСТАНУВА НА СЛОБОДА

Потврдена e слободата на велешанката Пале Иловска, која го усмрти насилниот партнер додека ја давел.

Скопскиот Апелационен суд ја потврди ослободителната пресуда. Младата велешанка  со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Иловска беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Илиовска е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна.

РУСКИ ПРОПАГАНДИСТ ПОВИКА РУСИЈА ДА ЈА НАПАДНЕ ГЕРМАНИЈА

Рускиот новинар Владимир Соловјов го повика Кремљ да одговори со бомбардирање на Германија, затоа што оваа земја ќе прати тенкови на Украина. 

Toj изјави дека народот на Германија мора да знае „какви нови нацистички лидери создадоа и доведоа на власт“. Соловјов ги нарече Германците „европски нацистички ѓубриња“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Добра вест за даночните службеници. Покрај платата, ќе можат да земаат и додатоци на плата и тоа во висина од 30 до 60 проценти од главнината на нивната плата, доколку вршат работни задачи со посебна специфична тежина. Ќе можат да добијат и парична награда во висина до една просечна месечна бруто плата исплатена во земјава.

Огромен дел од младите луѓе не ја гледаат својата иднина во Македонија, па ако на тоа се додаде екстремната инфлација и лошото справување со кризата, како никогаш досега во последните години не било тешко да се биде млад човек кој сега го формира своето образование или ги почнува првите кариерни чекори, планира семејство, купување стан или автомобил.

Јавниот превоз  во главниот град никако да се стабилизира. По повлекувањето на автобусите на приватнтие превозници, иако се зголеми бројот на автобуси од страна на Јавното сообраќајно претпријатие маките на скопјани останаа.

Звонко Шундовски, најуспешниот некогашен селектор на македонската ракометна репрезентација, реши да инвестира во бизнисот со електрична енергија и да гради фотонапонска централа.

ЕСМ направи преседан! Втор пат распиша тендер за набавка на природен гас по фиксна цена во февруари иако заради фиксната цена во јануарската набавка на бугарската фирма плати еден милион евра поскапо од понудата на „Макпетрол“!

Можеби ќе ве интересира

„НА ОВАА ФУНКЦИЈА ПРИСТАПУВАМ СО ЦВРСТА РЕШЕНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ“: Еве што кажа Муцунски по официјалната потврда дека ќе биде прв човек на МНР

„НА ОВАА ФУНКЦИЈА ПРИСТАПУВАМ СО ЦВРСТА РЕШЕНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ“: Еве што кажа Муцунски по официјалната потврда дека ќе биде прв човек на МНР

Претседателката Силјановска Давкова на средби со грчкиот и бугарскиот премиер

Претседателката Силјановска Давкова на средби со грчкиот и бугарскиот премиер

ОСМАНИ ЈА ИСПРАЌА ЕЈУПИ ВО ДИПЛОМАТСКА МИСИЈА: поранешната ТВ презентерка ќе помага во „издавање документи“

ОСМАНИ ЈА ИСПРАЌА ЕЈУПИ ВО ДИПЛОМАТСКА МИСИЈА: поранешната ТВ презентерка ќе помага во „издавање документи“

КОНЕЧНО СЛОБОДА: По цели шест години ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески излегува од затвор

КОНЕЧНО СЛОБОДА: По цели шест години ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески излегува од затвор

ДУИ „во шок“, Стоилковиќ ќе го наследи Груби: Србин со путинистички убедувања!

ДУИ „во шок“, Стоилковиќ ќе го наследи Груби: Србин со путинистички убедувања!

ШЕСТ ГОДИНИ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР: Што се направи, што се имплементираше и како се реализираше?

ШЕСТ ГОДИНИ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР: Што се направи, што се имплементираше и како се реализираше?

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ДЕЧИЊА ВО ГРАДИНКИТЕ – но и натаму недостигa кадар

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ДЕЧИЊА ВО ГРАДИНКИТЕ – но и натаму недостигa кадар

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите