ФАКТОР НА ДЕНОТ: Возачот кој ја усмрти Фросина бил пијан и немал возачка дозвола, a претходно е гонет за дрога

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2025
ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА УСМРТИ ФРОСИНА БИЛ ПИЈАН И НЕМАЛ ВОЗАЧКА
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко по десната сообраќајна лента од бул.„Партизански Одреди“.
„Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на улицата Партизански одреди.
Велат дека дека барале продолжување на мерката притвор за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, но судот донел пресуда со кој на обвинетиот му била изречена заводска мерка – упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник.ХИРУРГОТ ОД БИТОЛА КОЈ ЗЕМАЛ МИТО ДОБИ ПРИТВОР
На М.С. (64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола кој беше приведен од полицијата поради сомневање дека примил поткуп, доби осумдневен притвор на барање на Јавното обвинителство.
„Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите, соопшти битолското обвинителство.МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЕ МАНИПУЛИРАЛО СО ПРЕСМЕТКАТА НА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има пропусти во методологијата како се пресметува кошничката.
„Македонската јавност треба да знае како се манипулирало при пресметката на минималната потрошувачка кошничка, а ја пресметувале поранешни функционери од СДСМ“, кажа Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на екс министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска во Собранието.
Мицкоски истакна дека Владата има и покажала разбирање за граѓанските иницијативи за бојкот на маркетите, а потоа ја коментираше методологијата за пресметување на кошничката.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Како што и најави Фактор, Комерцијална банка го објави износот на профитот за минатата година, а го објави и износот на бруто дивиденда кој ќе го добијат акционерите на банката.
Нето добивката за минатата година ќе изнесува 80,1 милиони евбра, што е раст за 37,5 отсто во однос на минатата година.Денеска е денот „Д“ што го очекуваат речиси сите инвеститори и јаки играчи на Македонската берза.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во ОН не помина американската резолуција за Украина коспонзорирана од Македонија

ГЛАСАЊЕ ВО ОН: Не помина резолуцијата за Украина на САД во коспонзорство на Македонија

МНР ТВРДИ ДЕКА НЕМА ПРОМЕНА НА ПОЗИЦИИТЕ: Дадоа објаснување за резолуцијата за Украина

ДАЛЕ ПАРИ НА РОДИЛКА И ГО ЗЕМАЛЕ ДЕТЕТО: Oткако не сакале да го вратат, полицијата ги уапси

МАКЕДОНИЈА Е КОСПОНЗОР НА РЕЗОЛУЦИЈАТА НА САД ЗА УКРАИНА: Mицкоски вели дека така одлучиле
ПОЛИЦИЈАТА СО АПЕЛ: „Финансиски советници“ ветуваат тргување со криптовалути и ги измамуваат граѓаните

МИЦКОСКИ: Со контактите коишто ги имаме со најблискиот периметар на претседателот Трамп можеме само да добиеме

НАД 14 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ - болницата треба да биде завршена до октомври
