КАКВА „БОМБА“ ЌЕ ИСПУКА ДЕНЕСКА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - ќе се објави ланската добивка која ќе биде рекордна досега, инвеститорите на „готовс“
Објавено во: Финансии 30 Јануари, 2025 08:20
Денеска е денот „Д“ што го очекуваат речиси сите инвеститори и јаки играчи на Македонската берза.
Комерцијална банка ќе ги објави своите извештаи за минатогодишното работење, во кои една од главните информации ќе биде добивката остварена за целата мината година.
Како што е познато, Комерцијална банка првите девет месеци од минатата година ги заврши со фантастично висока добивка од 72 милиони евра, што беше раст за дури 46 отсто во однос на претходната 2023 година, а што беше поттик и онака заинтересираните инвеститори за акцијата на банката, да продолжат со уште пожестоко темпо да купуваат од овие хартии од вредност.
Колку ќе биде добивката за сите 12 месеци од претходната година и дали ќе ја надмине психолошката граница од 100 милиони евра, останува да видиме во текот на денешниот ден.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека неревидираните (консолидирани и неконсолидирани) Биланс на успех со коментар, Биланс на состојба со коментар, Извештај за паричниот тек, Извештај за промените во капиталот и Извештај за сеопфатна добивка на Банката за периодот 01.01 - 31.12.2024 година ќе бидат објавени на СЕИ Нет на 30.01.2025 година после 15:00 часот“, објави вчера попладнето најголемата банка во земјава, со тоа ставајќи ги во позиција на „готовс“ инвеститорите кои денеска посветено ќе го чекаат нејзиниот финансиски резултат.
Фактор на 21 јануари пишуваше дека тој ден поминаа и нови блокови, но и големи истргувани количини акции на редовниот пазар со акциите на Комерцијална банка на Македонската берза. Односно, поминаа два блока од по 200 и 220 акции на банката по цена од 31.000 денари за акција, а големо тргување со акциите имало и на редовниот пазар, кога се продадени дури 1.005 акции, по просечна цена од 30.960 денари.
И тогаш коментиравме дека се чини како за интересот и за цената на акциите на Комерцијална банка да нема лимит, а тоа уште повеќе го поттикна и најавата дека за минатата година банката ќе дели дивиденда, имајќи ја предвид дополнително повеќе нејзината одлична дивидендна политика и историја во минатите години, што значи дека се очекува дека тоа ќе биде прилично солидна сума.
При блоковите беа платени вкупно околу 220 илјади евра за 420 акции на Комерцијална банка, додека, пак, на редовниот пазар беа продадени 1.005 акции, по просечна цена од 30.960 денари за акција, што значи дека таму е направен промет од 506 илјади евра, или над половина милион евра.
За волја на вистината, во последниве неколку дена се случува благ пад на цената на акциите на банката, па така цената вчера затвори на нешто над 30.378 денари по акција, но тоа повеќе може да се третира како своевидно затишје пред бура, отколку како некој позначаен тренд при тргувањето со акциите на таа банка.
Инаку, како што пишуваше Фактор, речиси е извесно дека дивидендата, во годината во која Комерцијална банка има историски најдобри резултати, ќе биде повисока од тоа што акционерите го добија за 2023 година и изнесуваше 15 евра во бруто износ.
Имено, Комерцијална банка најдоцна до 28 февруари ќе го објави износот на дивиденда што ќе ја подели од добивката во минатата година на своите акционери. Банката, во Календарот на настани за 2025 година, кај ставката Други корпоративни настани во зграда, објасни дека станува збор за „Собрание на акционери, исплата на дивиденда, и.т.н“. Значи, дивиденда сигурно ќе има, а најдоцна до 28 февруари ќе биде познато и официјално колкав ќе биде нејзниот износ, што, пак, е информација која најмногу ги интересира инвеститорите.
Во интервјуто кое го даде Хари Костов, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на Комерцијална банка, кажа дека ова ќе биде најдобра година досега на Комерцијална банка.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





