03 Мај, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За Заев предлогот на Силва и Вархеји е добра основа, Бугарите на попуштаат

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

СИЛВА И ВАРХЕЈИ ИМААТ ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИОТ СПОР

Премиерот Зоран Заев за предлог решенијата на министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји вели дека имаат  добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со решение кое не задира во македонските идентитетски прашања и за кое се убедени дека е прифатливо и за круцијалните позиции на Бугарија. 

На средбата во Клуб на пратеници министерот за надворешни работи на Португалија Силва и еврокомесарот Вархеји ги презентираа предлог решенијата за надминување на проблемот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија кои имаат за цел да гo деблокираат отворањето на преговорите на земјата со ЕУ со одржување на првата меѓувладина конференција.

Проширувањето на Европската Унија мора да се заснова на постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи на Балканот, вели бугарскиот претседател, Румен Радев. 

Тој денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантос Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кои денеска наутро прво ја посетија Софија, а потоа допатуваа во Скопје за да разговараат за можното деблокирање на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. 

Радев посочил дека Бугарија ќе продолжи да ги поддржува кандидатите за пристап во Унијата за да ги исполнат копенхагеншките критериуми за членство, како и да ги промовира принципите на добрососедство и почитување на човековите права.

СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 27, Куманово – 8, Охрид и Струга – по 2, Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево – по 1.

Регистрирани се 89 оздравени пациенти од:

Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш – по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен – по 2, Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г,57г,64г,85г, 91г,91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).

ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ ЌЕ ИМА И ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СТРАНСТВО

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека сите гаѓани од Македонија кои се вакцинираа надвор од земјава, дигиталниот сертификат, односно зелениот ковид пасош ќе може да го добијат тука.  Се што треба да направат, како што истакна Филипче, е да ја симнат апликацијата која ќе биде готова следната недела и да го скенираат QR-кодот кој се наоѓа во долниот лев агол од сертификатот за вакцинација.

Освен тоа, Филипче нагласи дека македонскиот дигитален ковид-пасс е усогласен со европскиот.

СЕ ЗАТВОРААТ СИТЕ КОВИД ЦЕНТРИ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИ ВО СКОПЈЕ

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, додека вкупниот број на сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат 142 пациенти на инфективните одделенија во главниот град.

-Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2  приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 25 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти, соопшти МЗ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ковид кризата практично поминува, секако, во надеж дека состојбата нема дополнително да ја искомплицира некој нов бран или сој на коронавирусот, но Владата се уште не реализираше некои од ветените мерки од петтиот економски сет.

Зголемените трошоци кои ги имаат енергетските компании оваа година можат да донесат нова цена на струјата за граѓаните од јуни или јули. Регулаторната комисија за енергетика допрва ќе одлучува, но речиси сите доставиле барања во кои прикажале поголеми трошоци.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер