30 Април, 2024
0.0248

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го презентираше петтиот пакет мерки, има субвенции за плати, помош за тутунарите, радиодифузерите, туризмот

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ПЕТТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ

Вкупно 29 мерки кои вредат 160 милиони евра содржи петтиот пакет, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Од овие 97,7 милиони евра се директни буџетски средства.

Мерките, како што рече Заев се во четири столбови - директна финансиска помош за секторите, туризам занаетчиство индустрија за настани...

Вториот столб е за ликвидност која ќе се зголемува бескаматни кредити во кои ќе има и неповратна компонента

Третиот е креирање поволно деловно опкружување со ситемско редефинирање, намалување на парафискални давачки, а четвртиот е поддршката за граѓаните.

„Првата мерка е финансиска поддршка за плати за вработените - вредна 1,920 милијарди денари. Ќе се оддржуваат плати за февруари и март годинава со што се очекува да се поддржи исплата на плати на 60.000 работници месечно. Финансиската поддршка ќе биде скалеста од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен за да се поддржат во домашните компании во зависност од тоа колкав е падот на приходот во месеците ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година. Значи трите месеци со истите три месеци од претходната година, рече премиерот.

Ги добиваат кои имаат пад во работењето повеќе од 30 отсто во тие месеци.

ДЕНЕС ИМА 358 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 во:

Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5,  Струмица и Гевгелија – по 4,  Струга, Делчево и Валандово - по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип - по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 341 оздравени пациенти од:

Скопје – 186, Кавадарци – 24,  Куманово – 18, Тетово – 16, Прилеп – 14, Струмица – 11, Битола и Гевгелија – по 9, Гостивар, Велес, Дебар и Ресен - по 7, Кичево, Берово и Демир Капија – по 5, Радовиш – 3, Штип, Охрид, Кочани, Свети Николе, Неготино, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица.

ЗАЕВ ГИ ИСКОМЕНТИРА БАРАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

Сакам да водам љубов, а никако да не се прегрнам со партнерот, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со ставот на ВМР-ДПМНЕ кои прфаќаат етничката определба да стои во личните карти, но да се избрише Северна од името на државата зато ашто тоа било услов од Преспанскиот договор за кој земјава има рок од пет години, период кој не е истечен. 

РАЗРЕШЕНА Е СУДИЈКАТА ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА

Судскиот совет на последната седница донесе одлука да ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова. Ваквото решение е донесено по претстапка од сега веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.

Неделкова претходно коментираше дека претставката не била поврзана со непостапување по одреден предмет, туку поради меѓусебна нетрпеливост.

„Се работи за една од повеќето пријави кои поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ми ги поднесуваше поради нетрпеливост околу еден случај. Таа постапка нема никаква врска со некакви предмети или незаконско постапување“, изјави Неделкова минатиот месец.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата планира да го намали бројот на членови на Управните одбори на јавните претпријатија до три, односно до петмина. Според Владата, моментно многу луѓе се вклучени во овие одбори, а тоа повлекува и големи трошоци. 

Местоположбата на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ е главната причина оваа здравствена установа да биде посетена од огромен број пациенти. Доаѓаат со разни заболувања кои не се само од хируршка природа, но ниту еден пациент не е вратен, вели во денешното интервју директорот на оваа установа, д-р. Љубен Арсенков. 

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и еден од противниците на лидерот Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ, За Фактор потврди дека би се кандидирал за лидер на партијата, доколку на вонредниот конгрес кој се најавува за 28 март, мнозинството од делегатите му изразат недоверба на актуелниот челник на партијата.

Деновиве Здружението на новинарите на Македонија ќе оствари средба со претставници од Министерството за здравство со цел да се договорат детали околу вакцинација на медиумските работници.

И Финансиската полиција ќе може да следи лица, односно да ги прислушува нивните мобилни телефони, како и да ја следи нивната електронска комуникација.

Снежните врнежи им отворија работа на земјоделците, кои деновиве се принудени да „дежураат“ покрај пластениците.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи