ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време
Објавено во: Економија 29 Април, 2024 19:14
Црна Гора воведува седумчасовно работно време.
Министерката за труд и социјална грижа на Црна Гора, Наида Нишиќ, најави дека до крајот на годинава граѓаните можат да очекуваат воведување на оваа мерка.
„Она што го најави премиерот Милојко Спајиќ во предизборната кампања ќе се случи во текот на оваа година“, изјави Нишиќ во емисијата „Линк” на Радио Црна Гора.
Таа додаде дека социјалните давачки во иднина ќе бидат поправични и најави дека нема да бидат укинати, а нема да има укинување ни на Фондот за ПИО. Сепак, како што додаде, извесна е негова реформа.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, на денешната средба во Берлин со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, истакна дека „крајно време“ е Црна Гора да стане членка на Европска Унија и оцени дека е постигнат „голем напредок“ во исполнувањето на стандардите.Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




