05 Мај, 2024
0.0240

„Фактор“ рангира: Колку пари прават најголемите компании чии акции се тргуваат на берзата?

Објавено во: Економија 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Вестите од берзата се охрабрувачки, по објавата на полугодишните финансиски извештаи! Дури 21 компанија за полугодие имаат приходи поголеми од 5 милиони евра. Македонската „супер лига“ ја сочинуваат нафтениот гигант „Макпетрол“, фармацевтскиот џин „Алкалоид“, трите најголеми деловни банки, двете челичарници, најголемата градежна компанија „Гранит“, Цементарницата „Усје“, шпедитерот „Фершпед“, големите производители на храна: Пекабеско, Витаминка....

Македонската економија се опоравува од корона шокот што го претрпе минатата година. Барометарот на нашата економија – берзата за хартии од вредност книжи умерен раст кој е основан на перформансите на големите домашни компании –  чии акции котираат на пазарите на нашата берза. А факт е дека тие компании се значајни репрезенти на индустриите во кои опстојуваат независно дали се од производните или услужните дејност и во колкава мерка се извозно ориентирани или се фокусирани на домашниот пазар.

„Фактор“ креира листа на најголеми компании – котирани на нашата берза кои до крај на јули го објавиле полугодишните финансиски извештаи (каде што имало избор биле користени консолидирани податоци н.з.) . Бројките покажуваат тренд на економско заздравување затоа што најголем број од компаниите книжат растови на приходи и зголемување на добивките во споредба со првата половина од 2020 година. Очигледно е дека во пост корона периодот (барем перидов од годината во кој имаме намалување или укинување на рестриктивните мерки) компаниите успеале да се консолидираат и да ги оптимизираат своите перформанси.

Од досега достапните берзански податоци за првото полугодие од аспект на приходите најголеми котирани компании се Макпетрол, Алкалоид, двете скопски челичарници и трите најголеми банки. Од аспект на остварени добивки најдобитни, очекувано, се трите најголеми банки, фармацевтскиот гигант, а заради светската конјуктура на челикот и двете скопски челичарници. Изненадувачки најголеми стапки на раст на добивки имаат РИК Силекс (консолидиран извештај), Макстил и Либерти (лани на полугодие имала загуба) и велешката прехранбена индустрија Кристал.

Кај банките збир на приходи го сочинуваат нето приходи од камати, провизии и надоместоци и останати приходи.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години