„Фактор“ злоупотребен со измислен наслов
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2019
Редакцијата на „Фактор“ остро реагира на измамата која се шири на социјалните мрежи со монтирана лажна вест под наслов „Пендаровски за Ле Монд: Направивме нешто што никој друг не го сторил во историјата, Во исто време ги дигнавме рацете и ги спуштивме гаќите“.
Истовремено ја уверуваме публиката дека информативниот портал „Фактор“ е злоупотребен со овој измислен наслов.
Наедно можеме да потврдиме дека автентичниот наслов на веста објавена на 17 ноември гласи „Пендаровски за Ле Монд: Направивме нешто што никој друг не го сторил во историјата“.