06 Мај, 2024
0.0243

ФАЛАТ ЗАНАЕТЧИИ: Македонија има потреба од машинци, касапи, бравари

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во Македонија недостигаат занаетчии. 

Потребни се 362 машинци, 124 бравари, 80 електричари, 70 касапи. 

Во угостителство и туризам за келнери и готвачи фалат околу 70 лица, во прехранбената индустрија потребата е од хемиски техничари, месари и касапи.

Со години компаниите се соочуваат со недостиг на кадар кој не поседува соодветни вештини и компетенции, а тоа го потврдуваат и 62 отсто од компаниите во анализите што ги прави Стопанската комора. 

Стопанската комора на Македонија ги охрабрува компаниите да се вклучат во создавањето на  сопствениот кадар. 

За ЕВН Македонија е огромен успех и задоволство што првата генерација на проектот 20-20-20 се веќе нивни колеги од септември 2020 година кои успешно ги извршуваат работните задачи.

„Вклучувањето на компаниите во иднина е многу важно и мора соодветно да се подготвени и свесни за сложеноста и инвестициите во процесот на вклучување, а Стопанската комора на Македонија како доверлив и стручен партнер ја игра клучната системска улога во давањето поддршка на компаниите при имплементација на учењето преку работа“, истакна Анета Петровска-Русомароски, раководителка на Одделот човечки ресурси и организација, лидер на проектот 20-20-20. 

Според директорката на Стопанската комора на Македонија, Пеева-Ѓуриќ, претставници од компании, членки на Комората, учествуваа во изработката на образовни програми за изучување на 52 квалификации во четиригодишното образование, за 32 квалификации во тригодишното образование и 1 квалификација за двегодишното стручно образование, а досега преку Комората се обучени и сертифицирани околу 300 ментори од 245 компании. 

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години