20 Септември, 2020
0.0490

ФАТМИР БИТИЌИ НАЈАВИ ГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ ПАКЕТ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ - ќе се задолжуваме колку што треба за доброто на граѓаните

Објавено во: Финансии 11 Септември, 2020

Следната недела ќе се знае каков точно ќе биде четвртиот сет мерки за фирмите и граѓаните за полесно пребродување на корона кризата. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи уверува дека тоа ќе биде голем економски пакет. 

„Четвртиот сет мерки е наш приоритет. Од прв ден имаме консултации со сите чинители, ги прашуваме како да ги искористиме најдобро парите. Не може да има големи отстапувања од претходните три сета на мерки, тие се засниваат на структурата на нашиот БДП“, реќе Битиќи.

Според него, четвртиот пакет ќе отиде и малку подалеку, да се помогне на секторите во кои претходно можеби Владата нема дадено помош, а се директно поврзани со образовните процеси, згрижување во предучилишна возраст, но и финансиска стимулација која можеби граѓаните не ја гледаат како директна помош, но ќе им помогне за да им се намали товарот за еден финансиски дел.

„Сега не би кажувал повеќе, а се надевам при крај на следната недела ќе имаме конкретен пакет, кој ќе го видат сите чинители“, рече Битиќи. 

Мерките, според него, се тесно поврзани со ребалансот. 

„Правиме анализи колку ќе бидат расходите на сите институции, на почеток на следна недела ќе има точна проценка и на крај на неделата точно ќе знаеме и ќе донесеме заклучок на Економскиот совет за тоа колкав ќе биоде пакетот.

Ќе биде значително голем економски пакет, бидејќи ќе опфати неколку месеци до крајот на годината и повеќе категории луѓе. И тоа е поврзано со ребалансот, па зависно од ова постапките за ребаланс ќе започнат веднаш. Во овој момент немаме вонредна состојба, па сите законски решенија ќе треба да го поминат филтерот во Собранието“, нагласи вицепремиерот. 

На крајот на следната недела, појасни, ќе имаме многу појасна слика и за двете прашања.  

На забелешката дека Владата досега најмалку од другите земји им помогнала на фирмите, Битоќи смета дека не трерба на неговиот прв прес да коментира изјава на политички субјекти, бидејќи, рече, нивна задача е да критикуваат.

„Не треба да се споредуваме со другите земји, сите си имаат свои специфики и политики. Но нашиот целосен финансики пакет за помош и борба против корона вирусот тежи близу 550 милиони евра. 

Имаме податоци колку пари се слеани кај граѓаните и стопанството, тоа е приближно 240 милиони евра. Можам да најавам дека за 15 дена ќе почне бескаматна кредитна линија преку Развојната банка, финансиран од ЕУ, од 31 милиони евра.

Нема еднострани мерки и чекори, туку заедничкли чекори, сите заедно ќе седнеме и зборуваме како да се креираат мерки“, рече Битиќи.

Дали останаа пари од еврообврзницата или ќе се земаат неискористените пари од капитални расходи за четвртиот сет мерки?

„Еврообвзницата беше само дел од задолжувањето. 70 отсто од средствата се искористени за подобра ликвидност во буџетот, а 30 отсто од задолжувањето се уште го имаме на располагање, тоа ќе биде почетокот при планирање на пакетот мерки. Веќе сме на средина на септември и може да имаме јасна слика што од расходите може да иксористат институциите, затоа од нив се бара тоа реално да го кажат“, рече Битиќи.

Колку ќе достигне јавниот долг до крај на годината?

„На почетокот на кризата кажавме дека сега не може да важат правилата кои важеле досега. 

Да, ќе има ревидирање на среднорочните стратегии за задолжување. За секој долг кој ќе донесе подобрување на животот на граѓаните, ќе стоиме за тоа одговорно пред Собранието и ќе бараме да го одобри. Да, ние нема да претснеме да наоѓаме фондови кои ќе го подобрат живото на граѓаните, за инфраструктура, задравство, образование, животна средина, храбро ќе бараме дополнителни средства, а нема да бараме за нешто што било навика изминативе години“, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА ОПШИРНО ЗОШТО МОРАЛА ДА ЈА ЗАТВОРИ ЕУРОСТАНДАРД - ниту сопственикот ниту инвеститорот не го обезбедија потребниот капитал

НАРОДНА БАНКА ОПШИРНО ЗОШТО МОРАЛА ДА ЈА ЗАТВОРИ ЕУРОСТАНДАРД - ниту сопственикот ниту инвеститорот не го обезбедија потребниот капитал

Бараат закон за обештетување - оштетените од Еуростандард имале средби со сите политички партии

Бараат закон за обештетување - оштетените од Еуростандард имале средби со сите политички партии

ВОДОВОД И ЕВН СИ ГИ БАРААТ СВОИТЕ ПАРИ ОД ЕУРОСТАНДАРД - формиран Одборот на доверители на банката во стечај

ВОДОВОД И ЕВН СИ ГИ БАРААТ СВОИТЕ ПАРИ ОД ЕУРОСТАНДАРД - формиран Одборот на доверители на банката во стечај

Осум милиони евра од НЛБ Банка и ЕБОР за нови кредити за граѓаните и фирмите

Осум милиони евра од НЛБ Банка и ЕБОР за нови кредити за граѓаните и фирмите

Генерали инвестмент: Цените на акциите пораснаа, можна брза и длабока корекција

Генерали инвестмент: Цените на акциите пораснаа, можна брза и длабока корекција

Генерали Инвестментс се придружува на Инвеститорскиот ден

Генерали Инвестментс се придружува на Инвеститорскиот ден

ПРЕКУ БАНКИТЕ ЌЕ СЕ ИСПЛАТАТ 70 МИЛИОНИ ЕВРА - од денеска стартува обесштетувањето на Еуростандард

ПРЕКУ БАНКИТЕ ЌЕ СЕ ИСПЛАТАТ 70 МИЛИОНИ ЕВРА - од денеска стартува обесштетувањето на Еуростандард

ОД УТРЕ БАНКИТЕ ПАК ПОЛНИ: Почнува обесштетувањето на штедачите од Еуростандард банка

ОД УТРЕ БАНКИТЕ ПАК ПОЛНИ: Почнува обесштетувањето на штедачите од Еуростандард банка

БАНКАРИТЕ ПОРАЧУВААТ - сите што имаат потреба од ново одложување на кредитните рати, да се јават кај својата банка

БАНКАРИТЕ ПОРАЧУВААТ - сите што имаат потреба од ново одложување на кредитните рати, да се јават кај својата банка