„Фејсбук“ ги брише видеата од масакрот во двете џамии во Нов Зеланд
Објавено во: Свет 17 Март, 2019
„Фејсбук“ во првите 24 часа отстрани 1,5 милиони видеа од терористичкиот напад во Нов Зеланд, во кој се убиени 50 муслимани.
Од „Фејсбук“ исто така истакнаа дека ги отстраниле сите верзии на оригиналната снимка кои немаат во себе вознемирувачка содржина. Друштвената мрежа има над два милијарди корисници.
Терористот кој го изврши нападот, правеше видео во живо од пукањето, кое беше објавено скоро во сите медиуми во светот.
Тој вчера беше изведен пред суд. Маж со нож сакаше да го убие, но беше спречен во намерата.
Истиот ден во Австралија, маж навредувал верници пред џамија.