26 Април, 2024
0.0294

Филип Морис разочара и ги повлече акциите на целиот сектор

Објавено во: Свет 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Акциите на компанијата опаднаа за 16 отсто, откако имаше предупредување дека воведувањето на алтернативите за пушење ќе потрае подолго време, пишува бугарски Капитал

Гигантот на цигари, Филип Морис ги „заниша“ своите инвеститори откако предупреди дека наметнувањето на алтернативни уреди за пушење може да потрае повеќе време. Акциите на компанијата паднаа за 16 отсто во четвртокот, најлошиот ден за компанијата од 2008 година. Вкупниот износ од 24,5 милијарди долари беше избришан од пазарната капитализација на Филип Морис, при што компанијата ги влече своите конкуренти во индустријата. Бритиш Американ Тобакон загуби 5,4% од својата вредност, додека Алтрија објави 6% пад на неговата вредност.

Многу традиционални пушачи се насочуваат кон електронските цигари, а самите компании за цигари се обидуваат да ги наметнат побрзо на пазарот новите технологии, за да помине побрзо транзицијата и да се направи мост кон новиот извор на приходи. Резултатите на Филип Морис, објавени во вторникот покажуваат дека стратегијата на фирмата не е особено успешна, особено во земји како Јапонија, каде што компанијата смета дека има големи можности за раст. Земјата стана една од најконкурентните пазари за тутунски компании кои сакаат да ги заменат традиционалните цигари со нови технологии.

Инвеститорите го прифатија тешко извештајот на Филип Морис, иако компанијата практично објави дека продала двапати повеќе електронски цигари, во споредба со минатата година. Во Источна Азија и Австралија, каде што компанијата има продадено 7.3 милијарди филтри за електронски цигари, со 4 милијарди помалку отколку очекувањата на аналитичарите од Cowen & Company.

Андре Каланцопулос, извршен директор на Филип Морис, призна дека продажбата во Јапонија расте "побавно отколку што првично очекувале". Тој додаде дека компанијата веќе го достигна поконзервативен дел од пушачите, и оваа демографија може да бара повеќе време за да се наметне технологијата.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни