06 Мај, 2024
0.0253

ФИЛИПЧЕ МУ ВРАТИ НА НИКОЛОВСКИ: „Прерасна во кафански озборувач, за хациендата на Водно ќе добие тужба“

Објавено во: Македонија 22 Април, 2024

Добивај вести на Viber

„Политичката култура на Александар Николоски спадна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач. Ваквото озборување упатува на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања, па Николовски со навреди се обидува да добие политички поени. Исто така, загрижувачки е што Николоски изјави дека работел од свои 14 години сакајќи да го оправда фактот што нема ниту ден стаж во реален сектор. На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати“, објави Венко Филипче, откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 Александар Николоски, истакна дека тој има хациенда на Водно и дека кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски го озборувал дека е уживател на психотропни супстанци.

Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба. Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изрече“, возврати Филипче.

Николовски вчера истакна дека Филипче е веројатно најнеуспешниот министер за здравство во историјата на државата, човек кој што имаше рекордна смртност за време на пандемијата, најмногу луѓе го загубија животот во Македонија, додека тој чекаше провизии од компанија „Стабри“ од Хонг Конг. Тој е носител во 4 ката и го гледам Стево Пендаровски вчера од Радовиш вели Венко Филипче е таков кандидат што да ти е мерак да го гласаш како доктор можел да работи кај сака но ете останал во Македонија, а за мене вели да не била политиката, ќе сум немал леб за јадење. Еве сега да му одговорам. Прво затоа што лично отвара некои работи, морам лично да му одговорам иако не сакам тоа да го правам, сметам дека во секоја професија се потребни професионалци и мислам дека ако навистина Венко Филипче е толку добар доктор, а ќе видите утре колегите негови што ќе кажат ќе имаме трибина, но ако е толку добар доктор тогаш треба да си остане доктор затоа што за тоа учел. Како што јас сум решил да се занимавам со оваа професија и за истата сум учел и сум бил студент на генерација со просек од 9,75 на Правниот Факултет и сум одлучил да го работам ова што го работам“, кажа Николоски и додаде:

„Следно, јас за разлика од Стево Пендаровски знам што значи да се работи и работам од мојата 14 година на почеток во фамилијарните бизниси каде што помагав се додека не се активирав во политиката и многу добро знам како се заработува плата. Од моето семејство и потесно и пошироко нема ниту еден вработен во јавна администрација, сите се во приватен сектор. Да ги прашам Венко Филипче и Стево Пендаровски дали можат обратно да набројат по еден од нивните фамилии што не е вработен во администрација односно што работи во приватен сектор по еден нека кажат и Венко Филипче и Стево Пендаровски. Таков нема затоа што до петто колено сите се вработени во јавна администрација и ја цицаат државата“.

Николоски упати прашање до Венко Филипче дали со докторка или министерска плата се купува ауди од 250 илјади евра и од каде пари да гради огромна хациенда на Водно?

„Следна работа со докторска или со министерска плата не се купува ауди Q8 RS не знам да го кажам точно како се вика од 250 илјади евра како што вози Венко Филипче, и од докторска или со министерска плата не се гради хациенда на Водно која ексклузивно ќе ја покажам вечерва тука во новаци, мислам дека е чесно Стево Пендаровски да одговори како се гради оваа хациенда на Водно“, нагласи Николоски и додаде:

„Трета работа, не знам дали Венко Филипче знае но сум сигурен ако ништо друго слушнал Стево Пендаровски важи за најголемиот озборувач кај политичарите, или јас како што го нарекувам алапача број еден во Македонија. Во тие свои озборувања обожава да озборува за најблиските околу него а Венко Филипче е еден од најозборуваните. Па да го прашам Венко Филипче дали слушнал или не дека кога Стево ќе се опушти озборува во круг на блиски новинари и вели дека Венко Филипче бил уживател на психотропни супстанци дали го слушнал или не го слушнал тоа и како е можно да еден за друг зборуваат такви работи зад грб а излезат пред народот и бараат гласови. Толку за Стево Пендаровски за неговиот морал и за неговиот образ, следното е ваше да излезете масовно на 24 април и на 8 мај и да му помогнеме да се исели од државата“, истакна Николоски.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта