Филипче: Направено е се што треба за секој еден пациент на респиратор
Објавено во: Македонија 07 Август, 2020
Министерот за здравство вели дека лекувањето пациенти во одделот за интензивна нега на респираторна машина, без разлика од која причина, е медицина во мало, и во неа се вклучени врвни експерти. Ова тој го нагласи во вчерашното гостување на Канал 5.
„Одговорно можам да кажам дека за секој еден пациент е направено се што треба, и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина. Сите врвни експерти во нашата држава се вклучени во лекувањето преку системот за консултација, па дури и физички присуствуваа. И анестезиолозите по систем на ротација се присутни во одделенијата каде што се лекуваат пациентите од Ковид-19, коишто се поставуваат на респираторна машина, тоа се експерти со големо искуство во ракувањето со овие машини, затоа што тоа бара и одредено познавање на самата машина, но и во типот на лекување. Тоа лекување на пациент во интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина е - ќе кажам - медицина во мало. Тука се обединети знаења и искуства од многу специјалности“, посочи Филипче.