Филипче: Пациентите се стабилни, се работи за сопружници на возраст од 62 и 68 години
Објавено во: Македонија 06 Март, 2020
Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција изјави дека сопружниците кои се заразени се на возраст од 62 и 68 години и се од Дебар.
Тие стигнале од Бреша, Италија.
Попат се симнувале во Куманово, Скопје и во Дебар.
Се јавиле кај матичниот лекар, откако забележале симптоми.
„Земени се брисеви, и денеска беа направени тестовите. Имале контакт само со братот на жената за време на престојот дома“, рече Филипче.
Се прави интервју со него, но и се идентификуваат и луѓето кои патувале заедно со заразените. Ќе се направи и анализа на контактите кои тие ги имале. За ова детали ќе има утре. Со заразените патувале 40 луѓе.