Филипче: Резултатите се негативни за лицето кое пристигнало од Италија
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на Фејсбук соопшти дека лицето за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус.
„Резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус. Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на коронавирус“, објави Филипче на Фејсбук.
Засега само една жена на возраст од 50 години е заразена со коронавирус и е задржана на Инфективната клиника.