05 Мај, 2024
0.0256

Филипче за Јота: Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче синоќа соопшти дека состојбата на лекарот Ѓорѓи Јота е стабилна. 

„Бев на увид и поразговарав со докторите кои будно ја следат неговата состојба. Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна“, соопшти Филипче.

Јота има тешка повреда на главата од завчерашниот удар од возило кое го управувал малолетник пред Клиничкиот центар во Скопје.

„Има нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина и сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување“, изјави Филипче.

Полицијата вчера информираше дека во четвртокот околу 20,30 часот на крстосница од булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски-Марко“ пешакот Ѓ.Ј. (58) од Скопје се здобил со тешки повреди откако во него удрило патничко возило „БМВ ХБ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Сингелиќ. Малолетникот го прегазил докторот и избегал, но набргу кај трговскиот центар Рамстор бил запрен и фатен. Не се знае точно со колкава брзина возел и тоа допрва ќе се вештачи. Шестнаесетгодишното момче е приведено во полиција. Во согласност со Кривичниот законик предвидена е затворска казна од една до пет години. Во случајот станува збор за малолетник, па според законот тој може да добие и воспитно-поправна мерка и надзор од Центар за социјална работа, место малолетнички затвор. Него ќе му се суди според Законот за право на детето бидејќи тој нема наполнето 18 години.

Можеби ќе ве интересира

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните