06 Мај, 2024
0.0261

Филмот „Луѓе без земја“, последното сведоштво на револуционерката Вера Фотева на „Телма“

Објавено во: Македонија, Мои пари 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Приказната за Вера Фотева, една од најинтригантните женски фигури во македонската револуционерна историја, во играно-документарна верзија, во филмот „Луѓе без земја“ ќе биде прикажана во петок, 1 мај, во 20.10 часот на „Телма“.

Филмот е во режија на Марко Ѓоковиќ, работен по сценарио на Атанас Кировски, и во продукција на Кировски и Сашо Пешев.

Во „Луѓе во земја“, револуционерката Фотева чие вистинско име е Евдокија Балева го дава своето последно сведоштво за филмската екипа, пред да почине во 2011. Својата драматична животна приказна, Фотева ја раскажува низ сеќавањата за импликациите од судирот меѓу Тито и Сталин врз македонското движење за време на Граѓанската војна во Грција. Филмот ги прикажува нејзините животни предизвици и борби за време на конфликтот, голготата низ која минала во логорите во Албанија и гулазите во Сибир, како и престојот во московските затвори Лефортовскаја Тјурма и Лубјанка.

Покрај автентичните, лични сведоштва на хероината од НОБ, филмот е надополнет и со игран дел во кој актерката Верица Недевска ја портретира Фотева додека во другите улоги се појавуваат: Емил Рубен, Милан Тоциновски, Горан Трифуновски, Наџи Шабан, Димитар Доксевски, Гоце Влахов и Марина Поп Панкова.

Овој 60-минутен проект за првпат беше прикажан на Интернационалниот фестивал на европски филм „Синедејс“. 


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта