Финансии ќе чека целосно појаснување од Уставен пред да пушти пари за субвенции
Објавено во: Економија 13 Мај, 2017
Министерството за финансии информира дека поднело писмо до Уставниот суд од кој бара да му достави препис од Одлуката и појаснување. Оваа институција ќе ги сочека сите правни ефекти од постапувањето на Уставниот суд пред да реши да ги префрли парите за земојделците кои претходно ги одобрија во соодветната агенција за поддршка при Министерството за земјоделство.
Уставниот суд на 10 мај, поведе постапка за оценување на уставноста на одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата влада. Оваа мерка важи до конечното одлучување на Судот.
Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здружение „Агротиквешија“ со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.
Од „Финансии“ има најголема претпазливост за исплатата на земјоделските субвенвии поради законските ограничување и потенцијалната кривична одговорност, но други критичари шпекулираат дека нема доволно финансиски средства па затоа целата операција за која е јасно дека има политичка волја се одолговлекува.