Фински авион со број 666 и код „Пекол“ сепак, полета на Петок 13-ти
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2017
Финскиот национален авиопревозник Финер покажа дека не е суеверен и на Петок 13-ти полета авион со број 666 и код HEL што асоцира на зборот „Пекол“.
Бројни суеверија се поврзани со Петок 13-ти како баксузен ден, некои веруваат дека може да има страшни несреќи, во одредени хотели нема кат или соба со број 13, во одредени авиони нема седиште со број 13, а со овој датум се поврзуваат и многу историски хорори.
Сепак, летот 666 на Финер заврши безбедно и авионот слета навреме на аеродромот во Хелсинки.