17 Март, 2025
0.0607

ФИРМАТА НЕМАЛА ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА - Министерот Тошковски објави дека осомничени се 20 лица, уапсени се вработени од две институции

Објавено во: Македонија 16 Март, 2025 16:02

Добивај вести на Viber

МВР во координација со Јавно обвинителство има осомничено повеќе од 20 лица, околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените за предизвикувањето на овој кривично правен настан се починати, согласно сознанијата кои ги имаме, дел се во болница. Четири лица се моментално во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотерка и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица кои моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина за овој настан, однсоно едно лице кое е организатор на настанот, и за кои имаме сомнениене дека е директно виновен за случувањата во овој настан, согласно досегашните доказаи. 

Имаме поранешен државен сектретар на министерство за економија, поранешен и мислам и сегашен раководител на еден сектор во рамки на сектор на Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување, и тројца вработени во рамки на Дирекцијата. 

Дел од приведените, кои се во Кочани, биле организатори на настанот, дел како обезбедување, дел во рамки на другите настани вечерта. . 

Ова го посочи попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Министерот соопшти дека фирмата немала легална лиценца за работа.

Притоа истакна дека и во овој случај како и многу досега имало нелегални активности, и дека не било се по правилата, но дека сега ќе одговараат за сторените прекршоци. 

- Починати се три малолетни лица, од досегашните 59 лица. Идентификувани се најголем број од жртвите, сите тела кои беа се извадени од лице место. Во критична состојба се 22 лица и дел од нив ќе бидат пренесени во Турција, Бугарија, Грција и ќе им биде даден соодветен третман за лекување - истакна Тошковски.

Потоа дополни дека денес Македонија плаче, но дека одговорност ќе има за корумпираните, за сите кои имаат дирекно или индирекно поврзаност со настанот. 

- Ќе следат и други дејствија во текот на денешниот и утрешниот ден. Имаме координација со обвинителство. Се постапува и ќе ги преземеме сите потребни дејствија за целосно и темелно расчистување на овој настан. Одговорност мора да има и ќе има - нагласи Тошковски. 

Потоа дополни дека за четири лица за кои имало потерница, бидејќи ги немале пронајдено, во текот на деност се најдени во некои од болниците. 

- Согласно законските одредби, надлежен за издавање на предметна дозвола е Министерство за економија, за се што е поврзано со условите, а поврзано со пожарите е Дирекција за заштита и спасување. За секој кој ќе утврдиме дека имал одговорност за пожарот ќе постапиме согласно законот - укажа Ташковски откако беше прашан дали меѓу уапесените е и градоначалникот на општина Кочани. 

Потоа дополни дека гадоначалникот на општина Кочани не е упасен, бидејќи не е утврдена одговрност кај него. Воедно министерот укажа дека порано со закон и тој издавал дозволи, но сега веќе не е надлежен за дозвола за ноќни клубови.

Новинарите бараа одговорност и од него, оти тој издава дозвола за работа по полноќ, но министерот негираше дека е уапсен. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОТЕСТ ДЕНЕС ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат конкретни промени

ПРОТЕСТ ДЕНЕС ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат конкретни промени

Пренесени првите пациенти со бугарскиот воен авион„Спартан“, Бугарија нуди сместување и за членовите од потесните семејства

Пренесени првите пациенти со бугарскиот воен авион„Спартан“, Бугарија нуди сместување и за членовите од потесните семејства

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Српски воен авион полета со 12 повредени кон Белград

Српски воен авион полета со 12 повредени кон Белград

СИТЕ ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА И ПОД ПОСТОЈАНА МЕДИЦИНСКА НЕГА - Министерството за здравство со информација

СИТЕ ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА И ПОД ПОСТОЈАНА МЕДИЦИНСКА НЕГА - Министерството за здравство со информација

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ИЗРАЗУВА ЦЕЛОСНА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СОРАБОТКАТА СО НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ: Еве што велат од министерството

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ИЗРАЗУВА ЦЕЛОСНА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СОРАБОТКАТА СО НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ: Еве што велат од министерството

Градоначалникот на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ се сокри во дупка, ја откажал прес-конференцијата

Градоначалникот на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ се сокри во дупка, ја откажал прес-конференцијата

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ПОСТАПКА НА ПРОВЕРКИ ЗА 11 ЛИЦА, ТРИ ОД НИВ СЕ ВО БОЛНИЦА ВО ПОТЕШКА СОСТОЈБА - ова се најновите детали

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ПОСТАПКА НА ПРОВЕРКИ ЗА 11 ЛИЦА, ТРИ ОД НИВ СЕ ВО БОЛНИЦА ВО ПОТЕШКА СОСТОЈБА - ова се најновите детали

БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ НА НАСТРАДАНИТЕ КОИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ВО СОЛУНСКАТА БОЛНИЦА: Наша сограѓанка остави телефонски број да ја контактираат

БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ НА НАСТРАДАНИТЕ КОИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ВО СОЛУНСКАТА БОЛНИЦА: Наша сограѓанка остави телефонски број да ја контактираат