ПРОТЕСТ ДЕНЕС ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат конкретни промени

Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 00:24
По трагичната несреќа во Кочани, во која загинаа над 59 наши сограѓани, на социјалните мрежи веќе кружат апели и се најавува протест утре во 13 часот во Градскиот парк. Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува сигурност, благосостојба и праведност, се вели во фејсбук објава на страната со име Кочани.
-Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за град без партиски вработувања, за институции кои функционираат, за полиција која е тука за нас, за инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори кои ќе бидат безбедни и чисти. Протестот е за правдата, за секој од нас, за секоја жртва која што ја изгубивме и за сите нас кои го живееме овој град секој ден.
Потребно е да се преиспита регуларноста на сите угостителски објекти, особено пицериите кои ги проширија и легализираа своите тераси на нелегален начин. Кафулињата кои ги проширија своите објекти низ цел трговски простор, и колите паркирани по тротоарите, кои ја блокираат пешачката патека, создаваат опасности за нас. Не смееме да ja заборавиме ниту дека не се почитува забраната за фрлање отпад од другите општини на депонијата, каде што со полициска придружба се дозволи да се фрла отпад на истата- се вели во објавата.
Фото: Фесјбук/Кочани
Можеби ќе ве интересира
ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали

Четворица повредени пренесени во болница во Литванија

Уапсен и Горан Трајковски Штраус, поранешниот директор на ДПИ

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес
