18 Мај, 2024
0.0264

Фирмите на Трамп натрупале долгови од 650 милиони долари

Објавено во: Свет 21 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Фирмите на Доналд Трамп натрупале долгови од вкупно најмалку 650 милиони долари - двојно повеќе од прикажаните од републиканскиот претседателски кандидат во рамките на неговата кампања, објави во „Њујорк тајмс“.

Весникот ангажирал специјализирана компанија за информации за недвижен имот, за да собере податоци за имотите на магнатот, а особено за канцелариски згради и терени за голф во негова сопственост.

Истрагата на изданието покажала дека освен обврските од 650 милиони долари, значителен дел од состојбата на Трамп е обврзана со три партнерства кои должат вкупно 2 милијарди долари на куп кредитори.

Меѓу доверителите на империјата на Трамп е „Bank of China“ - една од најголемите државни банки во Кина (земја која милијардерот редовно ја претставува како трговски партнер), како и „Goldman Sachs“ - познатата инвестициска банка, која Трамп ја обвинува, дека и помага на неговата противничка Хилари Клинтон.

Магнатот сака да го потенцира успехот во бизнисот, претставувајќи го како гаранција за неговата способност да управува со САД. Тој, сепак, одбива да ги објави јавно приходите, како и да дозволи независна ревизија на состојбата на бизнисот, забележува Франс прес.

Во предизборната кампања Трамп се обидуваше да наметне претстава себе како бизнисмен кој ги заработил со труд милијардите и не должи никому ништо, забележува „Њујорк тајмс“.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население