12 Мај, 2024
0.0263

Амбициозен план со нејасна перспектива

Фискална стратегија 2017-2019: Пензиите нагоре, ќе се градат патишта, железници, гасоводи!

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

За девет месеци за капитални инвестиции се потрошиле 175 милиони евра или само 48,4 отсто од планираното, покажуваат податоците од најновата Фискалана стратегија 2017-2019 што ја објави Министерството за финансии. Според првичниот план за овие девет реализацијата на капиталните расходи требало да биде 75 проценити, со сегашната реализација значи дека има потфрлање од 26,7 проценти. 

Оваа ставка која е клучна за растот на економијата од почетокот на годинава постојано бележи пад. Во меѓувреме со двата ребаланса на удар за кратење беа токму капиталните трошоци, кои од првичните 412 милиони евра се намалија на 363 милиони евра.И во изминатите години како и за оваа година, беа најавени големи суми за капитални инвестиции, но никогаш до крајот на годината не се реализираа во целост. И покрај слабата реализација, и во следните три години се планираат големи суми за капитални инвестиции.Така догодина за оваа намена се предвидени 438,2 милиони евра, а во 2019 година капиталните расходи се позиционирани на скоро 500 милиони евра.  

Според податоците од Фискалната стратегија, за девет месеци во државната каса се собрале нешто повеќе до две милјарди евра што 72,2 отсто од вкупно планираните приходи, и има потфрлање од 2,8 процентни поени. Податоците покажуваат дека има подобра наплата од даноци односно реализацијата е околу 75,8 отсто од планираното. Но од неданочни приходи односно глоби, судски и адмнистративни такси,  надоместоци, се собрале 155 милиони евра или 57,6 отсто од планот. Во истиот период од Буџетот се потрошиле нешто повеќе од 2,1 милјарда евра или 68,3 отсто од планираните 75 проценти. Дефицитот за овие девет месеци изнесува 146 милиони евра или 38,8 отсто од планот.

Што ќе се поддржува во следните три години?

Инфрастуктурните проекти и исплатата на пензиите и социјалните надоместоци ќе биде во фокусот на планирањето на буџетите и за следните три години.Според најновата Фискална стратегија за 2017-2019, во наредниот среднорочен период расходите односно трошењата од буџетите ќе бидат насочени кон две компоненти, поддршка на растот на економијата преку инвестирање инфраструктурни проекти и социјална компонента односно одржување на социјалната стабилност и подобрување на животниот стандард на населението.

„Во текот на 2016 година расходите за пензиите се планирани со соодветно зголемување за 5% во просек, односно по 670 денари линеарно, почнувајќи од ноемвриската пензија, со исплата во декември 2016 година. Во рамките на среднорочните проекции планирано е редовно сервисирање на обврските по основ на социјалните надоместоци за социјално најзагрозените семејства во вид на социјална помош, детски додаток, надоместоци по основ на права на инвалидизираните лица, воени и цивилни инвалиди и азиланти“, се посочува во Фискалната стратегија.

Но, во среднорочната стратегија, не е спомената состојбата на Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување, иако неодамна Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, алармираа дека државниот пензиски фонд е неодржлив на среден и на долг рок. Овие две меѓународни институции препорчаа да се преземат сериозни мерки за спас на пензискиот фонд, но сепак во стратегијта освен за зголемувањето на пензиите, нема образложение за фондот. 

Во делот на патната инфраструктура според стратегијата планирано е да се реализира изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица од автопатот на Коридорот X. Истовремено преку Јавното претпријатие за државни патишта е предвидена рехбилитција на патни правци,  со  заеми од Светска банка. 

Во железничката инфраструктура во 2017 година е планирано да заврши имплементацијата на Проектот за подобрување на железничката пруга Коридор X, финансиран со заем од ЕБОР.

Годинава според стратегијата треба да заврши изградбата на трасата од националниот гасоводен систем Клечовце-Штип. 

„Изградбата на останатите правци од националниот гасоводен систем Штип–Неготино- Битола и Скопје-Тетово- Гостивар се финансира со заем од Дојче банка и Ерсте груп банка. Активностите на делницата Штип–Неготино-Битола се започнати во 2016 година, а на останатите делници се очекува да започнат во 2017 година“, се посочува во Фискалната стартегија.

Според стратегијата предвидено е обезбедување значителни износи за исплата на субвенции во земјоделството, подобрување на квалитетот на високото образование, подобрување на стручното образование, социјалниот и здравствениот систем, заштитата на животната средина и правосудството.

Колку ќе се собира и троши во следните три години?

Според среднорочната стратегија, во наредните три години е предвидено да растат приходите, но и расходите. Вкупните приходи од три милјарди евра во 2017 година, во 2019 година се позиционирани на над 3,3 милјарди евра. За догодина расходите се планирани на нешто повеќе од 3,3 милјарди евра, за во 2019 година е предвидено да изнесуваат над 3,5 милјарди евра. При тоа според проекциите предвидено е намалување на дефицитот, кој од 376 милиони годинава, во 2019 година е позициониран на 245,5 милиони евра.

„Определбата за етапна консолидација на јавните финансии ќе биде акцентирана во наредниот среднорочен период, при што е предвидено значително намалување на буџетскиот дефицит под Мастрихшкиот критериум од 3% од БДП. Во периодот 2017-2019 година предвидено е етапно намалување на буџетскиот дефицит и тоа 2017 година 3% од БДП, 2018 година 2,6% од БДП и 2019 година 2,2% од БДП“.

Според Фискалнатаа стратегија , реалниот раст на БДП во 2017 година се очекува да изнесува 3%, во 2018 година 3,5%, а во 2019 година 4%. Извозот на стоки и услуги се предвидува да биде значаен двигател на економскиот раст во овој среднорочен период. При тоа се посочува дека разрешувањето на политичката криза во земјата ќе има позитивно влијание врз очекувањата и довербата на економските субјекти на среден рок и ќе се одрази преку зголемен раст на инвестициите, а ќе значи и позитивен сигнал за потенцијалните странски инвеститори.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно