Фокус на денот: Бог се јави на загаден воздух , Преспанскиот договор влезе во грчкиот парламент
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2019
Големиот православен празник Богојавление - Водици го одбележа денот ни Македонија со традиционалното положување на светиот крст во студените води. На ритуалите присуствуваа голем број граѓани, меѓу кои имаше и политичари и дипломати.
Бог се јави. Навистина се јави. Вака меѓусебе граѓаните од христијанска вероисповед се поздравуваат на денешниот празник Богојавление Водици посакувајќи здравје, мир и среќа за сите. Илјадници граѓани во мирна атмосфера ја следеа манифестацијата во главниот град.
https://www.faktor.mk/galerija-skopje-go-obeleza-vodici-od-gragjanite-pratena-poraka-za-imeto
Влегувањето на нацрт-законот за ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот парламент е уште поважен настан од политички аспект.
Истиот го поднесе грчкиот премиер Алексис Ципрас потпишан од сите министри, по што за утре се најавуваат тензични демонстрации дури и во грчкиот дел од Преспа каде што се потпиша Спогодбата помеѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коцијас.
Вчерашниот протест на продавачите на зелените пазари и неработењето на тезгите вроди со плод. Пратеници на владеачкото парламентарно мноинство денеска најавија дека повторно ќе се рагледуваат измените на Законот а трговија и дека ќе се најде друго решение до 1 септември без да важи постоечкото.
https://www.faktor.mk/vlasta-se-povleche-od-zakonot-za-pazardziite-kje-se-raboti-na-nov
Загадениот воздух повторно се враќа во фокусот. Границата на толеранција повторно е пробиена и повеќе македонски градови денеска беа погодени неколкукратно повеќе од вообичаеното аерозагадување. Во три од нив беа активирани мерките и препораките.
https://www.faktor.mk/aktiviran-alarmot-merkite-na-vladata-stapija-vo-sila-vo-tri-makedonski-grada