18 Мај, 2024
0.0318

ФОКУС НА ДЕНОТ: Боки имал пиштоли, Катица теретана, а Кацарска се огласи по обвинувањата на Стефанова

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

На денешното рочиште за Рекет, на видеобим беа презентирани снимки од претресот што бил вршен во куќата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. 

На тој начин оние што присуствуваа во судницата можеа практично визуелно „да ја посетат“ куќата на поранешната шефица на СЈО, која се наоѓа во Козле, а во која престојуваше додека беше на оваа моќна функција.

Од снимките од претресот можеше да се види запленетата гарнитура од 5.000 евра, како и “Луј Витон” чантата, која обвинителството ја одзело како доказ. Но, треба да се има предвид дека таа не е истата со онаа торба исто така од брендот „Луј Витон“, во која беа спакувани еден милион евра.

Беа прикажани и белешки од тефтер на Јанева, но што во него пишувало, присутните не можеа да прочитаат. Единствено можеше да се види дека има белешка со содржина “Дали има други снимки, по се изгледа не”, а на некои од страните се читаше и името “Боки”.

Судскиот совет да ја утврди фактичката состојба и да ги испита тврдењата на обвинителката Лиле Стефанова која во сведочењето за случајот „Рекет“, изјави дека токму судијката Добрила Кацарска преку колега обвинител и вршела притисок за притворот на бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во случајот „Империја“.

Ова го бара Кацарска. Таа се огласи со соопштение

Во Свети Николе ќе се гради социјална зграда, во која станови треба да добијат 48 сиромашни семејства.

„Почна изградбата на нова социјална зграда со вкупно 48 станови во Свети Николе, со која ќе овозможиме пристоен дом на социјално ранливите лица на кои станбеното прашање им е најголем проблем“, објави Владата на фејсбук.

Во јавноста стана познати по ксенофобичните изјави кон нив од скопјанец кој снимајќи ги во Скопје им довикуваше да си одат од земјава, ги бркаше и им викаше „короништа“ оти ако се од Кина овде ни го носат коронавирусот. Чинот кои го осудија многумина, речиси сета јавност носеше и извинување кон четворицата кон кои беа упатени овие навреди. Се извинија од Министерството за надворешни работи, градоночалникот на Скопје Петре Шилегов. Фактор дозна дека тие впрочем и не се од Кина туку од Јужна Кореа и се членови на невладина организација, а во Свети Николе одржале предавање за мир толеранција и разбирање.

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци најавува бесплатен превоз до кавадаречките села кои се оддалечени повеќе од четири илометри, со цел тие да заживеат.

Се очекува одлука за вакви бенефиции за тие граѓани да се донесе на наредната седница на Советот на Општина Кавадарци.

Кралството Мароко во изминатиот период реагирало до Министерството за надворешни работи на веста дека во Македонија годинава ќе се организира светско фудбалско првенство на непризнаени држави и малцински заедници, дознава „Фактор“. 

Можно е Енергетската заедница да почне прекршочна постапка против Македонија, поради тоа што земјата не ги спроведе сите обврски од Третиот енергетски пакет. Рокот е изминат уште во 2015 година. Во меѓувреме како дел од тој пакет е и раздвојувањето на операторот на преносниот систем нешто што требаше да се заврши до јули 2016 година.

Тито Беличанец, универзитетскиот професор, правник од кариера, специјалист за самоуправување и долгогодишен член на органите на управување во „Тетекс“ ги продаде своите 4.000 акции за 146.000 евра откако во период од 2016 до 2018 година од дивиденди од тие акции инкасира 40.000 евра.

Убедливо најголем е „Свислион“ кој преку својата аквизиција „Агроплод“ оствари приход од над 14 милиони евра и профит од 1 милиони евра. Во најголемите ресенски компании се вбројуваат уште една транспортна фирма, две фирми за трговија со овошје, трговски малопродажни компании, производители на сокови, мед и мармелади.

Фрањо Тушек од Хрватска кој живее во градот Хаикоу во провинцијата Хаинан, во Кина, вели дека улиците се празни, постои страв и паника поради појавата и ширењето на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување