04 Мај, 2024
0.0346

ФОКУС НА ДЕНОТ: Двајца сопружници од Дебар зарaзени со корона, со нив патувале 40 луѓе

Објавено во: Македонија 06 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ДВАЈЦА НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција изјави дека сопружниците кои се заразени се на возраст од 62 и 68 години и се од Дебар. 

Тие стигнале од Бреша, Италија.

Попат се симнувале во Куманово, Скопје и во Дебар. 

Се јавиле кај матичниот лекар, откако забележале симптоми. 

„Земени се брисеви, и денеска беа направени тестовите. Имале контакт само со братот на жената за време на престојот дома“, рече Филипче. 

Се прави интервју со него, но и се идентификуваат и луѓето кои патувале заедно со заразените. Ќе се направи и анализа на контактите кои тие ги имале. За ова детали ќе има утре. 

Со заразените патувале 40 луѓе. 

Продолжува препораката за неодржување на поголеми јавни собири и за спортски натпревари без публика до 13 март. 

Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика до 13 март 2020 година, и ги утврди како свои заклучоци и препораки до јавноста и до институциите.

Преку граничниот премин Деве Баир денес во земјава ќе пристигнат околу 20 туристи и истите ќе бидат подложени на тест за корона вирус.

Ова го кажа министерот Внеко Филипче кој извести дека туристите кои ќе дојдат се од Јапонија и Сингапур и ќе дојдат преку Бугарија а биле во Романија каде што има неколку случаи на вирусот кој се шири во Европа.

СОПРУГОТ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ СВЕДОЧЕШЕ ВО „РЕКЕТ“

Александар Радуловиќ од Белград, сопруг на Марина Туцаковиќ, сведочеше на денешното рочиште за Рекет. 

Според неговото сведочење, тој и Бојан Јовановски последен пат се сретнале на 21 февруари 2019 година во ателјето во домот на Радуловиќ.

„Боки беше со мајка му и кумата. Се договоривме за набавка на лекови за жена ми и облека од Милано која Боки требаше да ја плати и донесе. Ги нарачавме и резервираме лековите во клиника во Милано и тоа терапија за 6-7 месеци. Многу сакапа терапија. Во Боки имавме доверба, тој требаше да отиде да плати и да ги донесе. Ние му дадовме малку поголема сума и тоа што му требаше, за по пат пари. Само лековите чинеа 12 илјади евра месечна терапија, за гардеробата не знам колку пари ама и тоа беше скапо“, рече Радуловиќ во своето сведочење.

Овие средства, 150 илјади евра, тие вечерта му ги дале кај нив дома. „Лично на рака јас му ги дадов, тој му ги даде на Тони“, објасни Радуловиќ.

АКО „ЗАГУСТИ“ СРБИТЕ ЌЕ ЈА ЗАТВОРАТ ГРАНИЦАТА

Напнатата состојба со мигрантите на турско-грчката граница не минува.

Солзавец и шок бомби и утринава се фрлани кај Еврос а на социјалните медиуми не престануваат да се објавуваат видео снимки со непроверена автентичност.

Овој пат е пласирано видео на кое се гледа како маж во полициска униформа удрил мигрант со пиштол кон главата и му рекол да ги натера другите да се симнат од автобусот кој, наводно, ги довезол мигрантите на границата со Грција.

Министерот за надворешни работи на Европската унија Џузепе Борел се надева дека европските земји нема да мора да испратат армија на границата на двете земји за да го запрат бранот бегалци од Сирија.

Капацитетот на 17 центри за прием на бегалци во Србија е 6.000 места, што нема да биде доволно за да се сместат десетици илјади мигранти кои се обидуваат да ја пробијат грчката граница.

Од друга страна, српскиот претседател Александар Вучиќ им нареди на армијата, полицијата и Агенцијата за безбедност и информации да ги затворат границите кон Македонија скоро херметички, доколку има наезда на мигранти кои со денови се обидуваат да навлезат во Грција од Турција, дознава српски Курир.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Иако можат да бидат и повеќе од среќни и задоволни од профитите што лани ги остварија, македонските банкари, генерално, сепак немаат причини да отворат шампањско за да прослават одлична деловна година.

Познавањето на германскиот јазик ќе има многу важна улога за вработување во Германија.

Од апликантите за работа се очекува напредно знаење кое одговара на Б1-ниво.

Близу 319 милиони евра префрлиле назад во матичните земји странските инвеститори во земјава како дивиденди за сработеното овде, за цела година лани. 

Ова е биланс од работењето на компаниите кои имаат странски капитал, но не мора да значи и дека се класични странски инвеститори. 

Добри вести од една од најуспешните македонски компании. Алкалоид АД соопшти дека ќе исплатува дивиденда за акциите во компанијата за 2019 година во бруто износ од 360 денари или 324 денари нето, по акција. 

Сумата е за дури 19 отсто повисока од дивидендата која Алкалоид ја исплати за 2018 година. 

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра