29 Април, 2024
0.0302

ФОКУС НА ДЕНОТ: Koго СЈО ќе гони, уште еднa жртва на грипот

Објавено во: Македонија 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Рената Дескоска, министерката за правда, денеска изјави дека во иднина суштината на разграничувањето во работата помеѓу Специјалното јавно обвинителство и она редовното ќе биде тоа што ова првото ќе го гони исклучиво криминалот на јавните функционери.

- Станува збор за онаа висока корупција, која ќе се бара кај нас, кај актуелната власт, но и кај сите понатамошни, рече Дескоска на денешниот брифинг со новинарите.

Таа додаде дека во носењето на новото законско решение кое вчера помина на владина седница и е испратено до Собранието биле консултирани обвинители, професори и странски експерти, како и самото СЈО.

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска по потпишувањето на меморандум во Владата објави дека се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и побарала од него да го поддржи новото законско решение со кое СЈО ќе ја продолжи својата дејност за случаи со криминал кај јавните функционери во кои при тоа нема да се користат прислушкувани материјали како индиции.

Според Јанева, иницијативата за средба била на Мицкоски, а таа го замолила да го поддржи законот за специјалното јавно обвинителство. Негираше дека имало какви било уцени и закани. Рече дека е задоволна од новото законско решение, кое помина на владина седница, а во Собранието треба да биде изгласано со двотретинско мнозинство.

И без „бомбите“ СЈО има докази, вели специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. 

Таа е задоволна од законот, а како најважно го истакнува тоа што со него се овозможува сите предмети кои ги отворила да продолжат.

Јанева потенцираше дека надвор од прислушуваните разгвовори имаат и други докази за истрагите кои ги водат по 30 јуни 2017-та. Меѓу нив е и „Попис“, во кој е осомничен лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Но, Јанева не прецизираше дали има доволно докази овде и кога ќе покрене обвинение.

Девојче на возраст од две и пол години починало завчера на Клиниката за детски болести.

Ова го соопштија дури денеска од клиниката од каде велат дека детето е примено со знаци за сериозна бактериска инфекција.

Како што потенцираат во соопштението од Клиниката, претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано еден недела од страна на матичен лекар. 

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево