14 Мај, 2024
0.0297

ФОКУС НА ДЕНОТ: Мизрахи разрешена, Законот за ЈО останува за утре

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Собранието рано утрово ја разреши Рашела Мизрахи од функцијата министер за труд и социјална политика. 

Таа е разрешена со 62 гласа „за“ и 26 „против“. 

Мизрахи во говорот пред разрешувањето рече дека не го прекршила Уставот. 

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски го тврдеше спротивното и тврдење дека таа со своите активности нанела штета на граѓаните и државата

Двајца убиени има во грабеж на казино на патот Скопје – Блаце, објави Прес24

Четири маскирани лица вооружени со автоматско оружје, калишникови, влегле да го ограбат казиното. Убиле еден од вработените како обезбедување и уште едно лице кое во моментот играл на слот апарат.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе им овозможи на Северна Македонија и на Албанија да ги почнат разговорите за пристапување во Европската унија доколку следниот месец извештаите на Европската комисија за двете земји бидат позитивни, јави Ројтерс.

Макрон ова го изјави на 56. Минхенска безбедносна конференција, со што навестува дека ќе го одмрзне напредокот на двете балкански земји кон членството во ЕУ и ќе ги увери другите европски лидери дека Франција сè уште го поддржува проширувањето на ЕУ.

Уште еден Македонец е заразен со коронавирус. 

Се работи за македонски државјанин кој е во Франција. Ова го потврди министерот за здравство, Венко Филипче. Уверува дека состојбата е стабилна и кај двајцата македонски државјани, затоа што претходно имаше уште еден Македонец на крузер во Јапонија заразен со коронавирус. 

„Здравствената состојба на нашиот државјанин, кој се наоѓа во болница во Јапонија е стабилна. И покрај тоа што е позитивен на корона-вирус, неговата клиничка слика е навистина лесна и тој е во добра здравствена состојба, нема некакви посериозни ризици. Во иста стабилна здравствена состојба со слична лесна клиничка слика е и нашиот државјанин во Франција”, вели Филипче.

Пратениците утре ќе гласаат за Законот за ЈО, Советот на јавни обвинители и за Законот за одбрана. 

Откако беше исцрпена листата на пријавени за збор на 135 собраниска седница за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за советот на јавни обвинители, спикерот Талат Џафери констатираше дека општиот претрес по предлог-законот е завршен.

По завршувањето на 135 седница, пратениците веднаш ја почнаа 123. седница, на која на дневен ред беше ставен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, но по исцрпувањето на листата пријавени за збор и за овој закон, претресот беше завршен, а гласањето закажано исто така за утре во 11 и 30 часот.

Се очекува утре да се распушти Собранието

Можеби ќе ве интересира

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат