05 Мај, 2024
0.0270

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нема поволни сигнали од Брисел, Меркел потврди дека ќе биде тешко за датум

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск вечерва во изјава за Телма рекол дека не се надева дека на работната вечера ќе се постигне договор за доделување на датум. 

Рекол дека направил што може, но нема согласност меѓу земјите членки

При доаѓањето на самитот, францускиот претседател Емануел Макрон не го ни спомнал проширувањето

Длабоко жалам поради тоа, бидејќи верувам дека овие земји направија значителни напори за да се приближат кон ЕУ и затоа многу е важно да им се даде вистински сигнал, изјави претседателка на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен пред почетокот на Самитот на лидерите на ЕУ, велејќи дека нема сигнали дека ќе се одобри проширување. 

Политико коментира дека ова би било разочарување за владите на Северна Македонија и Албанија, кои се надеваа дека ќе бидат поканети да започнат преговори за членство.

Францускиот претседател Емануел Макрон  ги отфрли разговорите за членство со Албанија, но се чини дека остави зрак надеж за Северна Македонија, пишува весникот Политико.

Макрон во средата побара измени во системот за внесување нови членки во Европската Унија, нарекувајќи го „бизарен“, еден ден откако Париз се најде осамен по ова прашање.

На состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург, Франција одби да се почнат преговори за членство со западнобалканските земји Северна Македонија и Албанија. Таа, исто така, го блокираше и краткото соопштение во кое се вели дека ЕУ ќе ѝ се врати на темата по самитот на лидерите во Брисел оваа недела, велат дипломатите.

Не се добри шансите за едногласна одлука на самитот на Европската унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел, зборувајќи во парламентот во Берлин во пресрет на денешниот Самит на ЕУ кој почнува денеска попладне. 

Таа го повтори ставот на нејзината држава - дека ги поддржуваат европските перспективи на Северна Македонија и Албанија.

„Имаше обиди да се уверат членките на ЕУ кои се уште имаат задршки за таквиот курс. Тие земји сакаат да го направат пристапниот процес потранспарентен. Како и да е, шансите за едногласна одлука на Самитот на ЕУ кој почнува во четврток попладне не се добри“, рече Меркел.

А Европскиот совет, како што е предвидено, денеска и утре треба да расправа за проширувањето и за процесот на стабилизација и асоцијација во врска со Албанија и Северна Македонија.

„Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие две земји. Ние имаме одговорност кон нив и мислам дека се исплаќа да им се даде европска перспектива на Северна Македонија и Албанија. Во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите, кои сѐ уште имаат задршки за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување“, нагласила германската канцеларка. 

Според неа, Германија чувствува приврзаност кон земјите од Западен Балкан и затоа сака тие да се приклучат кон Европска Унија.

Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско