27 Април, 2024
0.0358

ФОКУС НА ДЕНОТ: Oбјавена е новата методологија, политичарите се јавија со реакции

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Познато е кои ќе бидат условите за членство во Европската Унија. 

ЕУ ја објави новата методологија за преговори, а тие ќе почнуваат и завршуваат со владеење на правото.

Акцентот е ставен на кредибилност, предвидливост, динамичност и засилено политичко раководење. Документот предвидува запирање на преговорите, дури и нивно враќање назад ако некоја од кандидатките стагнира или назадува во реформите. Во методологијата се вградени и барањата на Франција

„Ги поздравуваме напорите на Европската комисија за подобрување на пристапниот процес. Новата методологија придонесува за зајакната политичка димензија, но исто така и за повеќе динамизам, предвидливост и кредибилитет на процесот. Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: отворање на преговорите заедно во усовршен процес“, се истакнува во соопштението на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров нагласува дека регионот, нема од што да се плаши со воведувањето на реверзибилноста.

„Најпосле, пристапниот процес постои да ги трансформира реалностите на теренот кон подобро. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион.“ - посочува шефот на македонската дипломатија.

Контролата на Државниот инспекторат не покажала неправилности во фирмата за медицински отпад. 

Битолската фирма „Еко клуб“ лани до Дрисла транспортирала 4700 килограми медицински отпад, а само во јануари, како што вели градоначалникот Петре Шилегов, откако Градот Скопје располага со материјали за неправилности во работењето, транспортирала 1900 килограми. Извештајот од спроведената контрола вчера на инсталацијата во Металски завод Тито за третман на медицинскиот отпад, од Државниот инспекторат за животна средина се чека, а вонредната контрола, пак, спроведена на 12 декември на „Еко клуб“ од страна на инспекторатот, не покажала неправилности.

Екс премиерот Никола Груевски кој сега е политички азилант во Будимпешта, на Фејсбук демантираше поврзаност со компанијата Еко клуб, за која градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вчера презентираше видеоснимки и фотографии како несоодветно го третира медицинскиот отпад пред да го депонира на депонијата „Дрисла“. 

Даночните власти водат постапка за случајот за кој медиумите објавија дека водителката Лила Филиповска подигнала од градежна фирма 250 илјади евра

Засега ни е приоритет да утврдиме што точно се случило со младата Марија Брзакова. Ова за Фактор го изјавија од Јавното обвинителство на Македонија, од каде не сакаат да откриваат повеќе детали за случајот.

И Народната банка како Управата за јавни приходи на интернет страницата јавно ги објавува физичките лица и фирмите кои треба да платат прекршоци, а решенијата за казните не успеала да им ги достави на адреса поради нивно неприсуство.

Ако се суди според податоците добиени од македонските пошти, кај граѓаните не постои страв да нарачуваат облека и други производи од Кина.

Доцна синоќа Синдикатот за образование, наука и култура жестоко реагираше откако на владина седница беше решено да се одобри исплата на К-15 само за Гранскиот колективен договор на органиите на државната управа, односно на стручните служби во Владата, кај судовите, јавните обвинителства, казнено - поправни и воспитно - поправни установи, на државното правобранителство, на единиците на локалната самоуправа, агенции, фондови и центри за социјални работи и други органи основани од Собранието

Најголемите осум македонски издавачи лани направиле приходи од најмалку половина милион евра. Меѓу нив има три компании кои имаат приходи поголеми од 4 милиони евра

Можеби ќе ве интересира

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок