06 Мај, 2024
0.0377

ФОКУС НА ДЕНОТ: Одекна пак „бомба“ од Италија, се јави и Катица Јанева со појаснување

Објавено во: Македонија 09 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Нова утринска снимка осамна на профилот Ларис Гајсер поврзана со сличајот „Рекет“.

Гајсер ја продолжува низата снимки како што најави, а јавноста во оваа втора аудио-видео снимка го слуша муабетот помеѓу Боки 13 и Камчев, но во една прилика се слуша јасно и гласот на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева која додека Бојан Јовановски договара со Камчев кога да отиде кај него, му дофрла на бизнисменот Орце дека се ќе биде во ред за ништо да не се секирал.

Авторот кој ги пласира аудио и видео снимките во последните два дена и предизвика потрес во државата, а се однесуваат наводно на случајот „Рекет“, пишува дека неговата цел е да помогне во борбата со корупцијата и независното судство во Македонија.

Ларис Гајсер тврди дека има искрени намери а од друга страна пак го критикува и односот на ЕУ кон Македонија и посочува дека е време земјава да влезе во Унијата.

„Од 2015 година следам и известувам како група од неспособни политичари (десничари и левичари) и непријателски странски сили, како си играат со животот и судбината на Македонските граѓани. Слепилото на политичките елити заедно со злобниот меѓународен притисок ја доведоа Македонија до степен на корупција и опасно ограничен суверенитет.

Сите мои поранешни написи и говори беше во насока за да спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредам ЕУ за нејзиниот погрешен пристап и за да ја спречам меѓународната заедница да направи неприфатлив преседан. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница“, пишува Гајсер.

Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со случувањата за случајот „Рекет“. Фрапирана сум како моите постапки како Специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот „Рекет, вели во писмена изјава Катица Јанева. Додава дека како Специјален јавен обвинител нејзина обврска била да контактира со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во СЈО и од сите нив да се обиде да извлече што поголем број на инфорамции како би ја подобрила позицијата во контекст на осомничените за секоја истрага/предмет поединечно.

Во писмената реакција која денеска ја достави до јавноста обвинителката Лиле Стефанова, посочува и дека специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева барала предметите да се затворат а осомничените да не одат во затвор.

Стефанова, прецизира дека им било наложено, најдоцна до 6 мај 2019 година, до Јанева да достават писмени извештаи за штетата во двата предмет што осомничените треба да ја платат на државата.

Уште еднаш истакнувам дека обвинителството постапува неселективно и ја уверувам јавноста дека секој што е инволвиран во конкретното дело ќе биде сослушан и испитан и по целосно расчистување на истрагата, согласно законот, ќе сѐ донесе јавнообвинителска одлука“, вели за Независен весник државниот обвинител, Љубомир Јовески по повод најновите снимки за „Рекет“ кои ги објави италијанскиот весник Ла верита.

Градежниот инвеститор Ванчо Чифлиганец ги демантираше наводите кои произлегоа од новообјавената снимка денеска од страна на италијанската „ЛаВерита“. Во истата,бизнисменот Орце Камчев му вели на Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Рекет“, дека Чифлиганец барал дуќан за стоматолошка ординација за обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта