04 Мај, 2024
0.0292

ФОКУС НА ДЕНОТ: Продолжуваат кавгите меѓу министрите и нивните заменици, Тимоние бара правда

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Рашела Мизрахи, тејничката министерка за труд и социјална политика, на денешната прес-конференција ги повика комиите во социјалните служби да започнат со изготвување на решенијата на барањата за помош и нега од друго лице.

„Од 8500 барања за периодот 1.6.2019 до 1.10.2019 кои претходно ги споменав, до вчера, до 16 часот, решени се само 1589 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Во меѓувреме поднесени се 4603 нови барања, кои воопшто не се пуштени во процедура на решавање, а причината сѐ уште не е позната. Што значи, во оваа држава, во овој момент, има 11 514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Напоменуваме дека дел од комисиите, до денес, немаат отпочнато ниту со решавање на истите. Ова говори дека Владата и Министерството претходно проблемите на граѓаните ги ставале под тепих. Тоа е недозволиво. Семејствата чекаат помош, а не ја добиваат. Ова што го зборувам, не е празна реторика туку нерешени предмети поткрепени со докумeнти. Како и за многу работи, така и за овој голем проблем, не ја зборуваат вистината“, рече Мизрахи.

Откако денеска Рашела Мизрахи, техничка министерка за труд и социјална политика, ги повика комисите во социјалните служби да почнат да ги изготвуваат решенијата на барањата за помош и нега од друго лице, бидејќи, како што тврди, во овој момент има 11.514 нерешени барања, и возврати дополнителната заменичка за труд од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ. 

Таа вели дека Мизрахи не ги познава законите, па затоа на денешната прес конференција се повикала на погрешен закон. Според Шкријељ, рокот за постапување по предметите е 60, а не 30 дена, како што тврди Мизрахи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната средба со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, било посочено функционирањето на правдата и таа да важи подеднакво за сите, како и да нема застарување на случаи. 

Спасовски рече дека Судскиот совет веќе е охрабрен, како и другите надлежни институции да придонесат во функционален правосуден систем. На средбата е изразена согласност и дека Законот за јавно обвинителство е од голема важност во правосудните реформи. Констатирано е и дека Македонија се движи во вистинската насока во однос на евроинтеграциите

Адвокатска комора објави дека ќе го даде на дисциплинска Јовица Страшевски, адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, од кого Кривичниот суд се пожали дека и се заканува на судијата-поротник Лидија Ивановска Кочкоска, а потоа го одложил рочиштето за случајот „ТНТ“ со земен годишен одмор.

„Адвокатската комора на Република Северна Македонија доби писмено известување од Основниот кривичен суд Скопје во врска со наводни притисоци од страна на адвокат во предмет познат во јавноста како „ТНТ“. 

На Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски наскоро ќе им се суди, одобрено обвинението за „27 април“ . Оваа информација следи откако е одобрен обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април од страна на Основниот кривичен суд Скопје.

Економската и трговската соработка меѓу двете наши земји континуирано се проширува, нагласи на денешната средба со медиумите кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо на која беа претставени активностите на Амбасадата за 2020 година

Една од мерките со кои Владата најави дека сака да им помогне на граѓаните кои мака мачат со извршители, нотари и судски постапки, е законското решение со кое ќе им се отпишат каматите и ќе им се даде можност долговите да ги плаќаат на рати

Иако сме далеку, живееме на Филип Исланд, воздухот мириса на пожарите, а пред два дена имаше и магла, вели Оливера Најдовска, Македонка која живее во Викторија, Австралија.

Искрената грижа за потрошувачите и работењето на вработените како една екипа ја разви малопродажната мрежа на Sport Vision низ целата држава

Повластена цена ( без ризик од волатилност што ја носи отворениот пазар н.з.), гаранција од државата за редовна исплата, загарантиран откуп на цела количина во рок од најмалку 15 години, без ризик да се плати казна кога нема да се испорача најавената количина... Нели е тоа бизнис бомбона?

Се погласни се тврдењата дека ќе се формира нова десничарска партија пред самите парламентарни избори од поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да се спротистават на Христијан Мицкоски како лидер на опозицијата.

Заедничката фотографија која вчера ја објави министерката за финансии Нина Ангеловска со новата дополнителна заменичка во нејзиниот ресор, Гордана Дмитриевска Кочовска, очигледно дека не ги смири страстите меѓу двете дами во Финансии

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра