26 Април, 2024
0.1471

ФОКУС НА ДЕНОТ: Стефанова со часови на распит за „Рекет“, a Заев не дава педер да ја урне Владата

Објавено во: Македонија 13 Август, 2019

Добивај вести на Viber

По неколку часовниот распит на специјалната јавна обвинителка Лиле Стефановска во Јавното обвинителство, таа со кратка изјава за медиумите рече дека денес дошла во својство на сведок и се што и било познато за случајот дала исказ.

Друго, според  обвинителката во интерес на истрагата и како сведок не смее да каже.

Се што имала како реакција да сподели со јавноста го споделила минатиот петок преку соопштение.

Изрази жалење за долгочасовното чекање на медиумите пред Јавното обвинителство.

Нема да дозволам криминалци, суетен новинар и, да ми прости ЛГБТ заедницата, педер да ја урнат Владата, изјави премиерот Зоран Заев за случајот „Рекет“. 

За случајот „Рекет“ денеска им е продолжен притворот за нови 30 дена на Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, кои се осомничени. И обвинителката Лиле Стефанова од СЈО денеска беше на распит во ОЈО. 

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев, пишува на својот Фејсбук профил новинарот Бранко Героски по изјавата на Заев дека нема да дозволи криминалци, суетен новинар и еден педер да ја урнат Владата. 

Героски пишува дека особено е изненаден затоа што тој со половина од „криминалците" што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. 

"Педерот" што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници. Дали кога вели "еден суетен новинар" мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно - дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?

Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза. Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев“, наведува Героски

Анализа на случувањата во земјава, преку радио во живо, направи соработникот на медиумот Ла Верита кој денеска навести за смена на премиерот во Македонија, пренесе 24 вести.

„Македонија го смени името како подарок за Грција. По овој скандал, сигурен сум дека Заев ќе ја заврши кариерата на премиер“ - рече Гајсер кој сепак не објави нови аудио снимки поврзани со случајот.

Ларис Гајсер во емисијата која одеше во живо на италијанското „Радио Каподистриja“, меѓу другото, рече дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив, пренесоа дел од медиумите.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?