05 Мај, 2024
0.0269

ФОКУС НА ДЕНОТ: Тестираната пациентка не е зарaзена со корона, а училиштата и градинките нема да работат

Објавено во: Македонија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

НОВО ТЕСТИРАЊЕ, МЛАДАТА ДЕВОЈКА НЕ Е ЗАРАЗЕНА

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека резултатите на првозаболената пациентка со корона вирус се негативни на овој вирус.

Таа по втор пат е тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

„Негативна на корона вирус е и 16 годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест. Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти кои резултатите се исто така негативни на овој вирус. Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката“, информира Филипче.

Во домашна изолација се вкупно четворица здравствени работници од Кожното одделение во Клиничката болница во Штип, писмено денеска информираа директорите на таа јавна здравствена установа и на Центарот за јавно здравје, Ален Георгиев и Марија Димитрова.

Во соопштението се наведува дека лекарките присуствувале на симпозиумот во текот на викендот на кој бил присутна и директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје за која е потврдено дека е позитивна на тестот за коронавирус.

ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА НЕМА ДА РАБОТАТ

Поради опасноста од ширење на коронавирусот, од Министерството за труд и социјална политика излегоа со препораки. 

Градинките и дневните центри прекинуваат со работа, бремените жени и хронично болните да останат дома како превенција од ширење на коронавирусот, информираат од Министерството за труд и социјална политика. 

Дополнително, на возрасните и повисокоризичните категории на граѓани со хронични болести им се препорачува да го намалат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.

„Министерството за труд и социјална политика (МТСП), согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата ја известува јавноста дека следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој како и во дневните центри на територијата на Република Северна Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат ослободени од работа. За спроведување на оваа мерка се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, да бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски и нивното отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот“, стои во соопштението. 

Се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, им се укажува на општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, времено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица.​

БАЛКАНОТ ПРЕЗЕМА МЕРКИ

Романската влада предлага флексибилно работно време за родители кои немаат кој да им ги чува децата

Владата на Србија на денешната седница донесе дополнителни мерки за спречување на ширење и контрола на заразното заболување Ковид-19, според препораките на српските епидемиолози и во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО), јави дописникот на МИА од Белград.

-Се воведува привремена забрана за влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно пренесување на коронарен вирус. Ова се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија, се наведува во соопштението на српската влада.

Во мерките е и препораката за строго почитување на забраната за патување на вработените во системот на здравствена и социјална заштита во Република Србија во земји со интензивно пренесување на КOVID-19 како и во жариштатат на епидемијата.

Словенија ја затвора границата кон Италија. 

Земјата по примерот на Австрија, поради коронавирусот ја затвора границата кон соседна Италија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова вечерва го најави премиерот во оставка Марјан Шарец. Границата се затвора за патнички возила, додека товарните и натаму ќе можат слободно да ја минуваат границата.

Владата ги повика сите словенечки граѓани кои се во Италија да се вратат дома. Ова посебно се однесува за оние што престојуваат во земјата туристички.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако досега важеа за категорија која најтешко доаѓа до работно место, по се изгледа дека младите во земјава конечно почнале полесно да се вработуваат. 

Така барем говорат најновите податоци на Државниот завод за статистика, кои покажаа дека невработеноста минатата година најмногу паднала токму кај младата популација, односно кај оние кои имаат од 15 до 24 години.

Дождот кој паѓаше викендов во Македонија е добредојден по долгиот сушен период, но за да земјоделците имаат плодна и бериќетна година, потребно е месецов да паднат уште триесетина литри дожд на метар квадратен

За неверојатни 5,86 проценти падна вредноста на индексот МБИ 10 на Македонската берза вчера. 

Случувањата на нашиот пазар одразуваат некоја психоза, се согласуваат познавачите, но ситуацијата е исклучително драматична и на светскиот пазар

Реплек останува компанија која дели солидни дивиденди на своите акционери и тоа го прави во континуитет. За успешното работење лани акционерите ќе гласаат за предлогот – дивидендата да изнесува 61 евро по акција во нето износ.

Маркетите се полни, има залихи но внатре има право да влезе само еден човек, јавните места за собири се забранети до 3 април а на улиците и оние малкумина што ќе ги сретнете од стравот од коронавирус се заштитени со маски и ракавици.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца