04 Мај, 2024
0.0345

ФОКУС НА ДЕНОТ: Teстираните странци немаат корона, заразената жена се опоравува

Објавено во: Македонија 05 Март, 2020

Добивај вести на Viber

НОВИ ТЕСТИРАЊА ЗА КОРОНАВИРУС

Негативни се тестовите на двајцата странци, едниот државјанин на Сингапур, другиот на Австралија, кои од 28 февруари престојуваат во Скопје, соопштија од Министерството за здравство. 

По пријава на хотелот, денеска, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје–Скопје од пациентите земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба, каде тие останаа до добивањето на резултатите. Тие денеска ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман соодветен на дијагнозата.

„Во текот на денешниот ден беше направен и контролен тест на единствената заболена пациентка од корона вирус и нејзината ќерка, со која таа е во контакт и двете во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестот на пациентката е негативен на корона вирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка. На денешната прес-конференција, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, информираше дека утрово на редовниот состанок со Комисијата за заразни болести и формираниот комитет за следење и информирање за состојбата со корона вирусот било предложено Владата да ја продолжи препораката за неодржување на јавни масовни собири и спортски натпревари без публика, до 13 март. Препораката ќе биде ставена на дневен ред на утрешната седница на Владата“, велат од Министерството за здравство

ЖЕНАТА КОЈА СЕ ЗАРАЗИ ВО ИТАЛИЈА СЕ ОПОРАВУВА

Единствената заболена во Македонија денеска негативна на тестот за коронавирус. 

Министерството за здравство денеска соопшти дека контролниот тест на единствената пациентка заболена од коронавирус во земјава денеска e негативен.

„Значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа“, рекоа Министерството.

На корона била негативна и нејзината ќерка, со која заболената е во контакт.

ЗАЕВ ОЧЕКУВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција беше прашан од новинарот Љупчо Златев, со оглед на тоа што Заев верува дека ќе победат на изборите, а како што рече, и тој верува, сепак, дали ако изгубат на претстојните парламентарни избори, е подготвен да поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ. 

Првиот човек на СДСМ, малку и на шега кон новинарот, расположено одговори дека не му паѓа на памет дека ќе изгубат, и дека на тој начин не размислува со ниту една ќелија од мозокот.

АРТАН ГРУБИ СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРЕИМЕНУВАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА

На крајот, народот и правдата, секогаш извојуваат победа, пишува на Фејсбук Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, за преименувањето на училиштето „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, припадник на ОНА кој загина во војната во 2001 година. 

Груби пишува дека училиштето во кое предавала мајка му, а тој учел и во кое сега таму се образуваат и неговите деца, конечно е 100 отсто албанско.

„Тоа училиште чиј директор до вчера беше Трајко, денес ја има Мерита, до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско, вчера се викаше „Никола Вапцаров“, денес се вика „Имри Елези“, име на ученик на ова училиште, паднат борец!“, пишува во дел од својот пост

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА  ОД ЕКСПЛОЗИЈАТА НА БОЦА ВО РОМАНОВЦЕ

Трагедијата во Романовце со експлозијата на боцата го одзеде животот на седмиот член на семејството Алими како последен меѓу сите оние кои се најдоа на местото на трагедијата, објави Алсат.

Трагедијата се случи минатиот месец кога на смаото место најпрво починаа трите деца, а во меѓувреме од тешките изгореници еден по еден умираа уште три возрасни членови.

„Утрово како резултат на трагедијата во селото. Рамановце почина мојот внук, седмиот член на семејството Алими, објави Хаџи Ељаса Алими.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Доколку имате пари и сакате да купите земјиште во Србија, тоа дефинитивно нема да можете да го сторите. Можете да купите стан и дворното место околу него, но не и градежно или земјоделско земјиште.

Може ли да успее иницијата Мал Шенген“ за целосно поврзување на балканските земји со актуелните политички елити кои се уште промовираат идеи за поделби, за омраза и несогласување околу заедничките интереси.

Во остра конкуренција за секој кредитобарател да го зголемиш кредитното портфолио за 11 отсто е голема работа. Особено ако се знае дека станува збор за една од трите најмали банки на домашниот пазар

За да обезбеди повисок стандард и повеќе услуги за клиентите УНИБанка во својот асортиман производи го воведе и животното осигурување. Во следниот период, многу други новитети најавува во интервјуто за Фактор, Катица Кузманоска, директор на Дирекција банкарство за население во оваа банка.

Десет компании за преработка и конзервирање месо оствариле приход поголем од 1 милион евра, а три од нив приход еднаков на или поголем од десет милиони евра. Најголем е Пекабеско, а најуспешна е Екстра Меин

Започнува со изградба првиот Ритеил (Малопродажен) Парк во Куманово.

Со вкупна површина од 35.000 м2 на купувачите ќе им бидат на располагање веќе познатите домашни и странски модни брендови, трговски ланци за храна, техничка стока, покуќнина и мебел

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска рече дека главниот град дека од оваа година повеќе не е на листата на најзагадени градови во светот.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра