06 Мај, 2024
0.0286

ФОКУС НА ДЕНОТ: Уште една жртва од несреќата кај Ласкарци, Караџиќ осуден на доживотен затвор

Објавено во: Македонија 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Почина 19 годишната девојка која беше повредена во автобуската несреќа кај селото Ласкарци на 13 февруари. 

Како последица на тешката сообраќајка девојката ја загуби ногата. 

Бројот на загинати во несреќата се искачи на 16. Несреќата се случи на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус на компанијата „Дурмо Турс“ излета од патот и се преврте. Истрагата покажа дека причина за несреќата е комбинација од неприлагодена брзина и неисправни сопирачки на автобусот.

Трошоците на сите министерства во Владата за периодот од јуни до ноември лани, изнесуваат 18.048.080 денари, што е над двојно помалку споредено со трошоците на министерствата на претходната влада за истиот период во 2015 година, кои изнесуваат 41.405.076 денари, покажува најновиот шестмесечен извештај за трошоците на функционерите од актуелниот владин состав.

– Вкупните угостителски услуги во држвава и странство на министрите, замениците министри и државните секретари во 2018 година изнесуваат 7.066.165 денари и се за 2,7 пати пониски во однос на споредбениот период од 2015 кога биле 19. 132.121 денар. Овие сериозно намалени трошоци се резултат на скратените непродуктивни плаќања, и тоа во период на интензивни посети на странски делегации на државата кога секој ден, а во некои наврати и повеќе пати на ден, високи владини делегации ја посетуваа земјата како гости на владата на РСМ, соопшти денеска владината прес-служба.

Првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ  денеска во Хаг е осуден на доживотен затвор.

Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг го осуди на доживотен затвор  Караџиќ.

Судијата рече дека биле потврдени сите точки од првостепената пресуда, освен неколку инциденти во пребројувањето во 20 општини.

По изрекување на пресудата за доживотен затвор, првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ кажа што мисли за одлуката на судот. 

„Ова нема врска со правдата“, ова е првата реакција на Караџиќ, кој денеска во Хаг е осуден на доживотна затворска казна за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото направени во Босна и Херцеговина. 

Оваа изјава ја пренесе адвокатот Горан Петронијевиќ, член на неговиот правен тим кој беше присутен во судницата на изрекување на пресудата.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев