07 Мај, 2024
0.0288

ФОКУС НА ДЕНОТ: Високи бонуси земале во СЈО, Пендаровски и Вучиќ разговараа за теми кои го засегаат регионот

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Oгромни суми како бонуси земала екс јавната обвинителката, Катица Јанева и обвинителите. 

Илјадници евра примила Јанева и нејзиниот тим по основ на додатоци. Таа во својот мандат добила дополнителни 157.000 евра. Само за 2019 година земала  28.455 евра. 7 месеци си доделувала по 250.000 денари како додаток за доверливост, да не ги открива разговорите од „бомбите“. Базата „Отворени финансии“ покажува дека дел од бонусите, 400 евра биле за кирија,  а по 42 евра  надоместок за работењето надвор од градот

Во овој момент не гледаме основи за покренување на дисциплинска одговорност на јавниот обвинител, но ќе почекаме да видиме што ќе заклучи Советот на јавни обивнители, изјави републичкот јавен обвинител, Љубомир Јовески за СМС пораката на обвинителката Вилма Русковска до судија откако поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, со одлука на Апелација отиде во домашен притвор

Јетон Љужа, третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски е уапсен во Хамбург, Германија.

Уапсен е по потерница од МВР. 

Саздовски беше член на навивачката група Комити, и беше убиен на 29 јуни 2018 година

Претседателите на Србија и Македонија, Александар Вучиќ и Стево Пендаровски, разговараа на состанок во четири очи во Палатата на Србија, што следеше по свечениот прием за државната делегација.

Политичките, безбедносните и економските прашања беа на маса меѓу двајцата државници, кои се обратија пред јавноста по разговорите.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Белград и Скопје имаат многу добри односи, со поголема доверба отколку порано, без отворени прашања освен Косово и со подобрена економска соработка.

Синдикатот го кажа своето. Бара 38 часовна работна недела и породилно отсуство од 12 месеци, а договорите на определено време да се склучуваат само во исклучителни ситуации, и да не се пролонгираат подолго од една година.

Власта готви нов закон за работни односи, а вчера за таа цел ги седна на заедничка маса и работниците и стопанствениците, сите заедно да се усогласат за оваа многу значајна проблематика. Новото законско решение би требало да биде финализирано до крајот на годинава.

Надица Спасовска е веќе две години во пензија, но не може во спокојство да ги минува пензионерските денови затоа што еднократно и пристигнале осум извршни решенија за неплатен паушал од БЕГ за периодот 2012/2013, иако таа е исклучена од системот на парно-греење уште од 2007 година.

Домашна компанија која добила на државниот тендер за складирање на нафта за задолжителните резерви, дизелот ќе го чува во резервоари под закуп кои не се комплетно функционални, тврдат за Фактор доброупатени извори. Сепак и покрај овој факт Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта на оваа компанија, месецов и доделила тендер вреден над три милиони евра, односно со договор и дозволила да чува 5 милиони литри еуродизел за задолжителните нафтени резерви.

Општина со 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 79 милиони евра, компанија за производство на ќерамиди која прави приход од 10 милиони евра и прехранбено-кондиторска индустрија што оствари приход од 30 милиони евра. Мала општина – големо економско чудо.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта