05 Мај, 2024
0.0259

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев разреши директори, Јанева и денеска ја нема

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, со која претседаваше премиерот Заев, донесе одлука со која се предлага на Владата да разреши, отповика или да препорача разрешување односно отповикување на директори на јавни претпријатија и установи, на акционерски друштва во државна сопственост, на совети и на управи.

Во прилог на ова соопштение е листата за разрешување во надлежност на Владата на РСМ, како и листата со препораки за разрешување до министри, управни или надзорни одбори.

На оваа седница Владата донесе одлуки и за препораки до Управни и надзорни одбори за избори на нови членови, па така на НО на АД Електрани на Северна Македонија му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за Член на УО, кој ја извршува функцијата Генерален директор.

Владата на Република Северна Македонија му препорачува на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – Нав) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Александар Палчевски, на претставникот на акциите и на уделите во сопственост на Владата во АД „11 октомври – Еурокомпозит“, му препорача да го отповика Златко Граороски од должноста Прв извршен член на Одборот на директори и Генерален директор, и на тоа место да го именува Милан Тоцев.

За член на Инспекцискиот Совет денеска е именуван Керамедин Селими, откако на денешната седница беше разрешен од оваа должност Горан Симоновски.

По изминати 48 часа од поднесената оставка во Специјалното јавно обвинителство и избивањето на аферата „Рекет“, се уште нема обраќање во јавноста од страна на Катица Јанева, иако има многу нејасни прашања на кои треба да им се даде одговор.

Ленче Ристеска од СЈО на вчерашниот брифинг со новинарите кажа дека денеска нема стапено во контакт со Катица Јанева, а за нејзината оставка, вработените во СЈО дознале во исто време кога тоа било објавено во јавноста.

Од Јавното обвинителство денеска ја демантираат синоќешната гласина дека Јанева се јавила на два телефонски броеви за ургенции. Истрагата, велат од таму, засега се води за две лица за кои се обезбедени аудио и видео материјали, но може да се прошири и на други лица ако се обезбедат цврсти докази.

Од ОЈО велат дека истрагата во моментов не се води против јавен обвинител, ниту пак против пратеници, но не се исклучува можноста во водењето на постапката да се докаже и инволвираност на овие лица.

Не сум се чул со Катица Јанева вечерта кога беше објавен случајот, изјави денеска премиерот Зоран Заев. 

Премиерот им порача на новинарите да ги прашат и дипломатите во земјава ако сакаат да дознаат на кого се јавила Катица Јанева.

Неговите приказни, кои ги објавуваше на порталот Плус инфо за „Коки и Кики“, станаа појасни откако се приведени Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Двајцата се теретат за рекет, а токму за тоа во текстовите пишуваше новинарот Бранко Героски. Тој за ТВ21 вели дека во целата афера има уште вклучени лица. Според неговите проценки барем уште пет или шест луѓе учествувале во целиот скандал. Како што вели тој, истрагата на Обвинителството треба да ги да ги докаже овие сомнежи. Сепак, вели дека во рекетарската група има и две лица кои се дел од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден