Фон дер Лајен: Нема забрзување на процесот со Северна Македонија и Албанија
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2020
Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската Комисија, на онлајн самитот во Загреб, реле дека нема да се брза со пристапниот процес за Албанија и Северна Македонија.
Двете земји пред два месеци добија одлука за отпочнување на преговорите за пристапување кон ЕУ, а во моментов се очекува да се одреди официјалниот датум.
„Процесот е доста сложен и има многу теми што треба да се дискутираат во поглавјата за преговори. и забрзувањето на процесот не би бил најдобриот начин“, рече Фон дер Лајен.
Првиот човек на Европската Комисија ова го одговори на прашањето дали е време да се забрза пристапниот процес за Албанија и за Северна Македонија, додавајќи дека новата методологија за проширување сепак би можела да помогне во истиот правец..