26 Април, 2024
0.0267

Фонд за иновации: Повеќе од двојно зголемен бројот на поддржани компании - иновациите се позастапени

Објавено во: Финансии 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

По досега рекордно големиот интерес на компаниите за финансирање преку програмата за комерцијализација на иновации на ФИТР, и бројот на квалитетни инвестициски предлог-проекти, Фондот во септември достави иницијатива за проширување на буџетот до Владата на Република Северна Македонија што резултираше со одобрување на дополнителни 7,5 милиони евра на првичните 5 милиони евра, односно вкупен буџет од 12,5 милиони евра.

Со зголемувањето на буџетот за ко-финансирање бројката од 30 првично одобрени проекти во првиот бран од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), во моментов ја достигна бројката од 62 компании, односно 90 отсто од искористеност на предвидениот буџет во вториот бран. 

Во тек е разгледување и на аргументите што дел од компаниите ги доставија до Комитетот, а се однесуваат на добиените забелешки и коментари кон проектните апликации. Со завршување на овој процес, се очекува уште 10 – 15 компании исто така да добијат можност за ко-финансирање на проектните апликации, со што буџетот на јавниот повик ќе се искористи 100 отсто.

Компаниите кои добија позитивен одговор од КОИ во првиот и вториот бран, преку реализирање на проектите предвидуваат инвестиции од вкупно 16,880,141.64 евра од кои сопствено учество од вкупно 5,646,601.35 евра. На поддржаните проекти ќе бидат ангажирани вкупно 769 лица од кои 360 нововработени со просечна плата од 698,6 евра по вработен.

Во вториот бран 75 отсто од компаниите се нови корисници, додека 16 отсто се компани кои биле одбиени на претходни повици на ФИТР, а сега повторно аплицирале со подобрени проекти. 

Дека иновациите земаат се поголема примена во голем број индустрии говорат и податоците за поддржаните проекти од кои најголемиот дел доаѓа од ИТ секторот, образование, електроника и електротехника, технолошка индустрија, текстилна и кожна индустрија, машинство, земјоделство, енергија и извори на енергија, здравство, градежништво и екологија.

„Јавниот повик за комерцијализација на иновации заврши на 15 мај 2019 година. Аплицираа вкупно 487 компани кои побаруваа 70 милиони евра. Во фазата на финална евалуација влегоа 366 апликации, што го поминаа процесот на административна проверка и претселекција спроведен од 97 домашни стручни лица. Конечната одлука за одобрување на проектите ја носи Комитетот за одлучување на инвестиции кој го сочинуваат 5 странски експерти, именувани од Владата по пат на меѓународен конкурс. Оценувањето на проектите се врши врз основа на 5 критериуми: степен на иновативност, квалитет на апликација, капацитет на проектен тим, проценка на пазар и влијание“, велат од ФИТР.

Добра вест за сите компании кои веќе учествувале на овој како и на другите јавни повици на ФИТР е одобрувањето на таканаречената „fast track“ скратена постапка за аплицирање, за којашто Фондот достави иницијатива до Владата на почетокот на октомври годинава. Имено, отсега компаниите кои ги поминале фазите на административна проверка и претселекција и добиле соодветни забелешки и препораки од Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот во последна фаза, ќе може да достават подобрен проект на следен јавен повик користејќи ја скратената процедура. Ова право се однесува за сите јавни повици на Фондот објавени во период од 12 месеци од добиеното известување на компанијата од Комитетот на претходен јавен повик.

Со скратената постапка се намалуваат трошоците за компаниите, но и на Фондот и значително се намалува времето од аплицирање до одлука на Комитетот за одобрување на инвестиции. Во практика, од досега потребните 60 – 90 денови (зависно од број на пристигнати апликации) постапката за компаниите што ре-аплицираат со ист или подобрен проект би траела двојно помалку.

До крајот на годинава ќе бидат објавени два нови повици, односно за инструментот „Ко-финансирани грантови за технолошки развој “ со вкупен буџет од 6.000.000 евра, и нов повик за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ со вкупен буџет од 1.500. 000 евра.

Инаку, денеска од ФИТР реагираа и на обвинувањата дека Фондот дели пари на партиски личности, тврдејќи дека станува збор за измислен проблем. 

„Ова не е реален проблем, туку измислен. Веќе реагиравме и повторно ќе реагираме на обвинувањата дека Фондот за иновации и технолошки развој дели пари на партиски личности, не за да го заштитиме директорот или вработените во Фондот, туку за да го заштитиме угледот на компаниите кои аплицираат на јавните повици на ФИТР“, порача денеска директорот на Фондот, Јован Деспотовски.

Тој, како што пренесе МИА, посочи дека на повиците на Фондот во изминатите две години аплицирале над 1.000 домашни компании што, според него, говори дека имаат доверба во ФИТР.

„Точно е дека тоа говори дека има голема потреба за финансиски средства, но никој не е будала да троши време и да учествува во постапка која знае дека е однапред наместена. Над 300 правни субјекти, 240 компании и 50 основни и средни училишта во моментов користат средства од Фондот. Потполно е неодговорно од кој било политичар да им лепи политичка етикета на 300 корисници, меѓу кои се 50 основни и средни училишта. Никој не може да ме убеди дека сите се од една или од друга политичка опција“, рече Деспотовски.

Процесот во ФИТР, нагласи, е апсолутно отворен и транспарентен.


Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат