Фондот за здравствено осигурување има нова директорка
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2022
Нова директорка на Фондот за здравствено осигурување е Магдалена Филиповска-Грашкоска.
„На денешната владина седница, за директорка на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за здравство е именувана Магдалена Филиповска – Грашкоска“, стои во соопштението на Владата.
Владата донесе одлука на 93-та седница.