12 Декември, 2018
0.3210
    ALK 8271.79    1.51%     BESK 9000    0%     KJUBI 1550    0%     KMB 5062.11    2.62%     MPT 47000.07    1.2%     MTUR 4850    0%     OKTA 4350    2.35%     REPL 70040    3%     RMDEN16 97.3    0.31%     RMDEN17 96.5    0%     SBT 1850    2.66%     STB 1280    0.13%     STIL 122    0.83%     TEL 298.64    1.23%     TNB 14150    1.07%     TTK 1245.37    1%     UNI 2231    -2.96%

Ford произведе 10 милиони Mustang возила

Објавено во: Мои пари 09 Август, 2018

Автомобилската компанија Ford го произведе 10 милионитото Mustang возило, најпродаваниот спортски автомобил во Америка во последните 50 години и најдобро продаван автомобил во светот во последниве три години.

Десетмилионитиот Ford Mustang е кабриолет 2019 Wimbledon White GT V8, со 460 КС и 6-брзински рачен менувач. Опремен е со најнова технологија за помош на возачот и е произведен во фабриката во Мичиген.

Првата серија Mustang (VIN001) е произведена во 1964 година, во иста боја и беше модел со три-степен мануелен менувач и V8 мотор со 164 коњски сили.

„Mustang-от е срцето и душата на оваа компанија и е фаворит во целиот свет. Го доживеав истото чувство кога го видов ова возило по улиците во Детроит, Лондон, Пекинг исто како тоа што го имав кога го купив мојот прв автомобил – Mustang coupe од 1966 година, кога се возев низ целата земја како тинејџер. Името Mustang извлекува насмевка на секој јазик“, вели Џим Фарли, претседател за глобални пазари во Ford Motor Company.

Ford го прослави јубилејот со вработените во седиштето на компанијата во Дирборн, Мичиген и во фабриката Флат Рок, САД. Свеченоста ја збогатија три P-51Mustang борбени авиони од  времето на Втората Светска војна, што се произведени пред повеќе од пет децении, а кои прелетуваа од Дирборн до Флат Рок, каде што моментално се произведува Mustang.

Во текот на 54-годишната историја на производство, Mustang се произведувал и во Сан Хозе, Калифорнија, Метучен, Њу Џерси и фабриката за производство во Дирборн, Мичиген.

Најдобро продаван спортски автомобил

Mustang е најпродаван спортски автомобил во Америка во последниве 50 години. Оваа статистика произлегува од анализата на Ford за вкупниот број новорегистрирани возила во САД од 1966 до 2018 година, во сите сегменти на спортски автомобили, според IHS Markit (компанија која обезбедува податоци и информации за разни индустрии).

Досега, Ford продаде повеќе од 38.000 Mustang возила во Европа, почнувајќи од 2015 година кога моделот за првпат почна да се продава на овие простори.

Исто така, минатата година Mustang го надмина Porsche 911 на 13 европски пазари, меѓу кои се и пазарите во Обединетото Кралство и во Шпанија. Обединетото Кралство, заедно со Германија, Франција, Белгија и Шведска се петте водечки европски пазари за продажба на Mustang во 2017 година.

Подобар од кога било

Најновиот Ford Mustang нуди многу повеќе технологија, возбудливи перформанси и повеќе персонализација. Има поспортски изглед, подобрена внатрешност со помеки материјали на изработка, како и 12-инчен дигитален инфо систем. Подобрените мотори вклучуваати 5,0 литарски В8 мотор на Ford со 450 КС и 10-степен автоматски менувач. Забрзува од 0-100 km/h за 4.3 секунди, има потрошувачка од 12,1 литар/100 km и 270 грама CO2/km*. Опцијата за мануелен пренос со шест брзини е опремена со новата технологија на Ford за усовршување и за полесни и побрзи префрлања, придружени со „blip“ од моќниот мотор.

Напредните технологии за возење вклучуваат MagneRide* прилагодлива суспензија, избор на различни начини на возење (Drive Modes) и нова изведба на активен вентил за издувување кој обезбедува начин на возење Good Neighbor за рано наутро или доцна навечер. Новата технологија за помош на возачот вклучува поддршка за детекција на предвремени судири, рано откривање на пешаци (Pre-Collision Assist with Pedestrian Detection) и помош за возење во сопствена лента (Lane Keeping Aid).

Освен ова, Ford, претходно годинава, воведе и ново специјално издание Ford Mustang Bullitt, со што ја прослави 50-годишнината на легендарниот филм на Ворнер Брос, придвижуван од напреден 5.0-литарски V8 мотор.

Ford Mustang е во својата шеста генерација. Покрај водство во продажбата, Facebook страницата на Mustang има повеќе следбеници од која било друга марка автомобили.

Можеби ќе ве интересира

Credissimo со број 1 клиентска услуга во онлајн кредитирањето и уште многу Новогодишни изненадувања

Credissimo со број 1 клиентска услуга во онлајн кредитирањето и уште многу Новогодишни изненадувања

Утре ќе има прекин на водоснабдувањето во Момин Поток

Утре ќе има прекин на водоснабдувањето во Момин Поток

Нема вода на ул.Мирче Аце

Нема вода на ул.Мирче Аце

Подобра бизнис клима во Македонија преку реформи во секторот туризам и угостителство

Подобра бизнис клима во Македонија преку реформи во секторот туризам и угостителство

Vip ги отвора вратите и за домашните миленици на своите корисници

Vip ги отвора вратите и за домашните миленици на своите корисници

Шеесетина македонски средношколци ги решаваа проблемите на ЕУ во улога на членови на Европскиот парламент

Шеесетина македонски средношколци ги решаваа проблемите на ЕУ во улога на членови на Европскиот парламент

Синема Футура заврши со снимање на краткиот филм "Налепница"

Синема Футура заврши со снимање на краткиот филм "Налепница"

Организаторот на Балканскиот Давос дел од трибината на Стопанската комора на Македонија

Организаторот на Балканскиот Давос дел од трибината на Стопанската комора на Македонија

Ќе се одржи 32- рото Бизнис кафе Македонија

Ќе се одржи 32- рото Бизнис кафе Македонија