(ФОТО) Ајнштајн бил во право – научно потврдени гравитационите бранови!
Објавено во: Стил 12 Февруари, 2016
Научниците од трите водечки американски институти го објавија постоењето на гравитациони бранови. На овој начин тие ја потврдија хипотезата за деформации во времето-просторот, постоењето кое беше теоретски направено од Алберт Ајнштајн пред 100 години.
Постоењето на гравитациони бранови било утврдено во септември 2015 година - 99 години откако големиот научник го тврди нивното постоење во својата теорија на релативноста.
Според директорот на Националниот научен фонд на САД - Франс Кордоба, „Ајнштајн денес ќе скокаше од радост. Тоа навистина е многу, многу посебен момент“. Самиот научник не верувал дека нивното постоење може да се докаже. Ова се случува благодарение на современа, техника - преку судирот на два ласерски зрака од постоечки на 3 илјади километри лаборатории во САД. „Овие бранови се појавиле при сударот на две црни дупки со маса од 30 пати како Сонцето пред 1 милијарда и 300 милиони години“, рече Дејвид Рице - директор на лабораторијата за испитување на брановите. Првите реакции на откритието се дека тоа дава ново „сетило“ на научниците за проучување на вселената, времето и материјата. Експертите коментираат дека тоа е најголемото научно откритие во физиката со децении. Таа открива можност за нова фаза во истражувањето на вселената.