(ФОТО) Автомобил излета од патот и вертикално се залепи за куќа
Објавено во: Балкан 14 Април, 2021
Во Србија се случи сообраќајна несреќа во која автомобил се залепи за куќа.
Автомобилот е вертикално залепен за куќа, откако излетал од патот утрово во селото Умчари. Во несреќата возачот се здобил со лесни повреди, а никој од домаќините во куќата не е повреден. Мештаните за српски „Телеграф“ велат дека на ова место често се случуваат несреќи, но вакво нешто прв пат гледаат.