30 Април, 2024
0.0256

(ФОТО) Бајкалското езеро со шари од мраз

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Бајкалското езеро е најдлабокото и најчистото езеро во Европа и е прекрасно само по себе. 

Глетката е уште поубава кога ова езеро ќе замрзне. 

Мразот на езерото долго 600 километри е толку проѕирен што низ него може да се гледа до 40 метри длабочина, а поради постепеното слоевито смрзнување на езерото се создаваат прекрасни форми и шари. 

Седмото езеро во светот според големина, старо околу 25 милиони години и длабоко 1.624 метри, Бајкалското езеро, според својот волумен, е и најголемо слатководно езеро кое што содржи околу 20% од светските незамрзнати површински слатки води. 

Езерото е дом на повеќе од 1.085 билки и 1.550 видови на животни, од кои што речиси 80% се ендемски видови! Самиот регион кој го опкружува езерото има околу 1.200 историски, археолошки и културни споменици, а околу 1.000 од нив веќе се ставени под заштита на државата.