(ФОТО) БЕСНИ КОЛИ И СКАПИ ЧАСОВНИЦИ А ПРЕД ВРАТА ИМ БЕСНЕЕ ВОЈНА: Вака се расфрлаат богатите деца во Ирак
Објавено во: Свет 26 Август, 2017
Додека едни војуваат или се обидуваат да сочуваат глава во воено зафатениот Ирак, на само 100 км од Мосул се крие голем луксуз.
На само еден час возење, во Ербил цвета сосема друг живот, посебно на социјалните мрежи.
На инстаграм профилите "My Erbil Lifestyle" и "Rick kids of Iraq" се наоѓаат голем број на фотографии од луксузни патувања, ресторани и други скапоцени работи.
Мажите и жените се многу гламурозно облечени и не се срамат да го покажат скапиот накит или часовници.
Поединци сметаат дека тоа е добар начин на овој начин овој крај да се прикаже во друго светло ширум светот, но други велат дека сето тоа помалку е невкусно.