02 Мај, 2024
0.0289

(ФОТО) ДРЖАВЕН УДАР: Мадуро порача дека Венецуела нема да се предаде

Објавено во: Свет 01 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Венецуела никогаш нема да се предаде на империјалистичките сили, изјави утрово венецуелскиот претседател Николас Мадуро. 

„Првата назнака за обид за државен удар ја откривме во вторник, околу 04.15 изутрина. Предводник беше фашистот Леополдо Лопез, но ние одговоривме со челични нерви, максимална будност и ефикасно дејствување“, рече Мадуро.

Лопез е политички ментор на смаопрогласениот привремен претседател на државата, Хуан Гуаидо. То по затворската казна беше во домашен притвор, а на денот на обидот за преврат, побегнал од домашниот притвор и стоеше покрај Гуаидо кога тој го повика народот на востание. Лопез, потоа побегна во чилеанската, а потоа во шпанската амбасада во Каракас.

„Бунтовниците имаа тешко вооружување, но нашата војска и национална гарда ги надвладеаја“, додаде Мадуро.

Тој истакна дека учесниците во бунтот се на сослушување и оти ова нема да може да мине неказнето. Ги обвини своите противници за обид за предизвикување оружени судири меѓу Венецуелците, со цел тоа да послужи како оправдание за странска воена интервенција.

Претседателот на Народното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо повторно ги повика своите симпатизери на протести, најавувајќи „најголем марш“ во историјата на земјата. 

Мадуро е на власт од 2013 година, кога го наследи својот ментор Уго Чавез. Сепак, од него наследи несигурна економија, која зависеше од високите цени на нафтата и системот на авторитарен популизам. Овој поранешен возач на камиони ја предводи администрацијата чие владеење е одбележано со хиперинфлација, недостиг на храна и лекови, рестрикции на струја, масовни протести, напади со дронови, дезертерство, санкции. 

фото EPA

Можеби ќе ве интересира

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат